Продолжува трендот на преработка на сериите во филмски формати. Наредни на списокот се момците и девојките од "Baywatch".
Недолго после најавата за „оживување“ на ТВ-сериите како што се „The A-Team“ и „T.J.Hooker“ во модерни серии, доаѓаат и гласините дека во Холивуд се размислува и за филмска реализација на некои од нив: прва на списокот е „Baywatch“.
Проектот го продуцира студиото Paramount, а филмот ќе го режира Џереми Герлик, според сценариото кое го преработи од други писатели. Сеуште не се знае дали во филмот ќе глумат барем дел од фаците кои се прославија со серијата, како Дејвид хаселхоф и Памела Андерсон.
Герлик тврди дека серијата никогаш не ја ни гледал, но филмот ќе биде повеќе комедија во стил на комедиите од 80-те, како „Police Academy“, отколку акција, какво што беше изворното напишано сценарио, пред тој да го преработи.