Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeДипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место Empty
20090830
ПишувањеДипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место

Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место 70FC9EB18E9629419CC1635DE1B2942D
Студентите на Музичка академија од Скопје, заедно со неколку нивни професори, вчера ја однесоа дипломата на Тоше Проески во Крушево. Дипломата деновиве беше благословена од световни лица.
Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место 0C451A49EF4DD4479E205088E91456C9
Направена е од метал и на неа е испишано: Република Македонија, Универзитет Св. Кирил и Методи и Факултет за музичка уметност - Скопје му доделува Диплома на Тодор Проески за посебни заслуги во афирмацијата на македонската вокална интерпретација, 28.8.2009 година, професор декан м-р. Евуша Елезовиќ. Направени се две скапоцени копии, од кои едната му е предадена на семејството Проески, а другата е однесена на вечното почивалиште на Тоше.

Во оваа група студенти, кои беа во Крушево, се застапени лица од прва до четврта година на факултетот, од сите четири класи по соло-пеење, од катедрата на Билјана Јакимовска - Јовановска, професорката на Тоше, како и од катедрите на професорите Марија Муратовска - Наумовска, Весна Гиновска - Илкова и Славица Галиќ - Петровска. Во Крушево на групата и се приклучи и професорот Велко Тодевски.

Студентите овој чин го изведоа најдостоинствено и најкултурно. Нивната посета опфати оддавање почит на неговиот вечен дом и посета на манастирот Свето Преображение. На неколку локации – на спортското игралиште, на крстот, во манастирот, и на игралиштето на Тоше кое градските власти го урнаа, тивко беа испеани химната на Република Македонија, навивачката химна Македонија навива за вас и Цреша.

Посетата беше во организација на ФМУ и продеканот за настава при Академијата и вонреден професор, Снежана Димчевска, која соработуваше со Тоше за време на неговото подготвување на операта професор Деспина и мистер Докс на професорот Димитрие Бужаровски.

Меѓу присутните беше и поп-пејачот Ламбе Алабаковски, како и уметникот Ставре Димитровски - Страдин, кој на семејството Проески му подари портретот на Тоше со апостолите...
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место :: Comments

No Comment.
 

Дипломата на Тоше студентите на ФМУ ја однесоа во неговото родно место

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: