Хрватскиот поп-пејач Петар Грашо на 1. и на 2. октомври за прв пат концертно ќе настапи во Србија, ако се изземе неговиот кус настап во јуни годинава, на фестивал на забавна музика во Врњачка Бања.
Според очекувањата, своите први концерти во Србија Грашо ќе ги одржи во Белград, во престижниот Сава Центар. Освен старите хитови, популарниот пејач пред српската публика ќе ги промовира и песните од најновото цеде, кое според планот треба да излезе оваа есен.
На музичката сцена Грашо егзистира од 1995 година, како композитор на Оливер Драгојевиќ. Неговите најголеми хитови се Уторак, Вера од сувог злата, Ко нам брани, Једина, Сад те се само ријетко сетим (дует со Арсен Дедиќ)...
Години наназад Петар Грашо е во љубовна врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, за која во 1998 година ја напиша евровизиската Нека ми не сване...