Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeВест Хем се поврзува со Пандев Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Вест Хем се поврзува со Пандев

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Вест Хем се поврзува со Пандев Empty
20090825
ПишувањеВест Хем се поврзува со Пандев

Вест Хем се поврзува со Пандев C_3_Media_364800_immagine_det
Вест Хем е последниот клуб кој се поврзува со Горан Пандев...
Италијанските медиуми најавуваат сезанционален трансфер на македонскиот интернационалец, Горан Пандев во редовите на Вест Хем

Вест Хем предводен од Џанфранко Ѕола минатата сезона беше едно од пријатните изненадувања во Премиер Лигата.

Чеканите планираат и оваа сезона да го задржат тој статус но за добра сезона потребно им е засилување за нападот, нешто што го потврди и самиот Ѕола во неколку наврати.

Лука Тони и Еидур Гудјонсен беа играчите што до сега се спомнуваа како можни потенцијални засилувања за навалната линија но според медиумите од Италија последно име на листата желби на Ѕола е Горан Пандев.

Извештаите велат дека Лацио и Вест Хем се многу блиску до комплетирање на зделката според која Лотито ова лето ќе добие 5 милиони евра а по една година или две, интернационалецот од Македонија ќе биде продаден на некој друг клуб за сума од 20 милиони евра и парите ќе бидат поделени помеѓу двата клуба.

Бјанкочелестите на тој начин ќе можат да заработат доста на Пандев бидејќи не можат да ризикуваат да го загубат Македонецот без да добијат оштета следното лето.

Лотито сега прави големи напори Лацио да не биде оштетен од продажбата на Пандев и е подготвен за зделка со Зенит (кој во минатото покажа силен и конкретен интерес) но напаѓачот не посакува да се пресели во Рускиот шампионат.

Медиумите исто така сугерираат дека во последен момент можно е понуда да достави и Арсенал.

Топџиите немаат финансиска сила да ги изедначат барањата на Лотито за Горан, но во трансферот можат да го вметнат дефанзивецот Сендерсон и на тој начин да ја намалат висината на оштетата.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Вест Хем се поврзува со Пандев :: Comments

No Comment.
 

Вест Хем се поврзува со Пандев

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: