Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeСветски тетовиран човек Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Светски тетовиран човек

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Светски тетовиран човек Empty
20090824
ПишувањеСветски тетовиран човек

Светски тетовиран човек Znaminja-455
Гинис Риши од Индија се надева дека ќе стане првиот човек во историјата кој на своето тело ќе ги истетовира знамињата на сите земји во светот. Ние веруваме дека ќе успее, бидејќи ретко се наоѓаат генијалци со вакви идеи.
Овој Индиец стар 67 години планира своето тело да го украси со 220 знамиња во тетовирана форма.

Со веќе шест знамиња истетовирани на лицето (канадско, британско, американско, кипарско, индиско и знамето на Индиската конгресна партија) Гинис, кој дури и го промени своето име во чест на книгата со рекорди, верува дека ќе успее во намерите за најдоцна три години.

„Ќе го истетовирам целото тело, дури и гениталиите, но сеуште не одлучив која тетоважа ќе ја ставам на тоа место. Во првата фаза планирам да истетовирам 60 знамиња на главата, а потоа ќе видиме како ќе ги распоредам по телото“, изјави Индиецот со оваа необична амбиција.

„Сиромашните луѓе кои сакаат да направат нешто во своите животи се обидуваат да соборат различни рекорди со својата сила или волја“, додаде Гинис Риши.

Ако ништо друго, ќе постигне светска слава и воодушевување, од време на време пропратено со емоција на гнев према него од сите нас, нететовираните фраери, кои ќе се прашуваме: „како нам не ни текна ова“ :(

Чичково ќе го проверуваме од време на време. Многу е важно на кој дел од телото ќе го стави Македонското знаме :)
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Светски тетовиран човек :: Comments

No Comment.
 

Светски тетовиран човек

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: