Најпознатата американска анимирана серија ,,The Simpsons“ ќе започне да се прикажува на „црниот континент“, а со тоа и ликовите во оваа цртана комедија ќе добијат нов изглед.
Хомер, Марџ, Барт, Лиса и Меги поминале низ процес на културна трансформација во рекламна агенција во Ангола, која на тој начин сакала да го одбележи пристигнувањето на Симпсонови во Африка.
За да претставуваат типично семејство од Ангола, мајката Марџ има нова африканска фризура обоена во црно, наместо досегашната изразито сина. Косата на Лиса е направена во кикички, а голема трансформација доби и бебето Меги.
Семејството е облечено во традиционални африкански носии со апостолки на нозете.
Најавено е дека популарниот британски бенд ,,Coldplay“ ќе се биде гостин во некоја од епизодите.
Откако се појави на малите екрани, семејството Симпсонови има 444 епизоди, што е најдолго прикажување на серија во американската историја.