Еве две мали и интересни работи што можете да ги направите доколку користите Winamp...
Верувам дека повеќето од вас го користите Winamp како плеер за вашите музички и видео фајлови. Еве ви две интересни скриени функции кои можете да ги активирате на вашиот Winamp.
1.Додека држите Ctrl, alt и shift испишете со мали букви (без Caps Lock вклучено) nullsoft. Winamp-ot ќе почне да трепка т.е. да ја менува својата проѕирност во зависност од басовите на песната која свири во моментот.
Напомена: Треба да користите Modern Skin.
2.Раширете го winamp доволно за да се гледа beat (такт) анализерот во средината. Додека држите Ctrl, alt и shift кликнете точно во средината на beat анализерот. Наместо стандардниот beat analyzer ќе излезат две камили што ја нишаат главата во зависност од тактот на звкуот којшто свири во моментот
Ова важи само за стрите верзии на winamp кај што скинот е Winamp modern