Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeОд авион на ЈАТ отпаѓале штрафови Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Од авион на ЈАТ отпаѓале штрафови

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Од авион на ЈАТ отпаѓале штрафови Empty
20090823
ПишувањеОд авион на ЈАТ отпаѓале штрафови

Од авион на ЈАТ отпаѓале штрафови DC1B00C2E601114DB3EE9E212DAA7F0B

"Само што слетавме на Кос и таму зедовме уште неколку патници, а механичарите нешто веќе поправаа. Сметавме дека ако и ние го пријавиме ова, никогаш нема да стигнеме дома" објаснува патникот зошто не го пријавиле дефектот на стјуардесата

БЕЛГРАД (Блиц) - Авионите на државниот српски авиопревозник "ЈАТ ервејз"се толку дотраени што во текот на летот од нив паѓаат штрафови. Иако звучи како шега, вистина е дека патниците на летот Крит-Кос-Белград неодамна биле запрепастени кога низ прозорецот од нивната страна виделе извлечени штрафови кои само што не паднале.
Се работи за "боингот" на српскиот државен превозник кој на 14 август леташе од грчките острови за Белград. На фотографиите кои читателите на "Блиц" ги доставија во редакцијата на српскиот весник, јасно се гледа како кога авионот полетува штрафовите на левото крило се извлекуваат, а еден веќе фали. Од оваа гледна точка нивната загриженост е сосема оправдана, бидејќи јасно се гледа дека крилото на авионот од летот "ЈУ 5245" само што не останало без спојка.
"Еден штраф веќе фалеше, другиот само што не падна" раскажува за "Блиц" загрижен патник од летот 5245. На прашањето дали го пријавиле дефектот на стјуардесата, тој одговара дека не, бидејќи само сакале што побрзо да се вратат дома.
"Само што слетавме на Кос и таму зедовме уште неколку патници, а механичарите нешто веќе поправаа. Сметавме дека ако и ние го пријавиме ова, никогаш нема да стигнеме дома" објаснува патникот.
Од "ЈАТ" велат дека тоа што се одвртил штраф од крилото на авионот, според стручната служба на државниот авиопревозник, не ја загрозувало безбедноста на авионот и летањето. Од компанијата сепак признаваат дека е неопходно да се обнови флотата, бидејќи како што велат од таму "одржувањето на авионите е исклучително скапо токму поради тоа што се стари". Во Информативната служба на "ЈАТ" тврдат дека и понатаму се безбедна авиокомпанија и дека сите авиони со кои летаат се технички исправни.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Од авион на ЈАТ отпаѓале штрафови :: Comments

No Comment.
 

Од авион на ЈАТ отпаѓале штрафови

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: