Владата на Босна и Херцеговина би можела да му го одземе почесното државјанство и почесниот пасош на пејачот на групата У2 Боно, пишува „Дејли Телеграф".Пред десетина години Боно, познат и по своите политички активности, во Сараево доби државјанство и пасош на почесна основа, како благодарност од тогашниот претседател на БиХ Алија Изетбеговик за поддршката што славниот пејач и ја даваше на оваа поранешна југословенска република во текот на деведесетите години од 20 век и војните на тлото на поранешна СФРЈ, пренесува дописникот на МИА од Лондон.
Весникот открива дека сараевските власти сега се подготвуваат да ја преиспитаат целата одлука на Боно да му се даде почесно државјснство и исто таков пасош, откако пејачот ја критикувал владата на БиХ за време на својот концерт во Загреб.
Во законот на БиХ не се предвидени почесни државјанства и пасош, што би се давале за посебни заслуги, па тамошниот министер за цивилни прашања Средоје Новиќ за „Дејли телеграф" рекол дека доколку се утврди постоење на неправилност во процедурата, или доколку пасошот на Боно му бил издаден „незаконски", сега ќе му биде одземен.
Типична балканска реакција...секогаш сакаат да слушаат пофалби, а никогаш поплаки. Затоа Балканот е се’ уште црна дупка на планетата.