„Македонски телеком“ денеска ја лансираше новата услуга за своите идни корисници.Им нуди четири месеци бесплатно да ги следат програмите преку неговата Интернет телевизија ако изберат еден од трите МАКС ТВ пакети.
Станува збор за пакети што содржат фиксна телефонија, интернет и IP Tелевизија, а гратис телевизија ќе гледаат сите што од денеска па до 20-ти октомври ќе склучат договор со „Мактел“ за избор на еден МАКС ТВ пакет.
Раководството на „Телеком“ објави дека наскоро корисниците на КАТС ТВ услугата ќе можат да играат игри, да слушаат радио и да ја проверуваат говорната пошта преку МАКС ТВ опциите.
Извор:
А1