Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: O BEIJO DO VAMPIRO, Rede Globo|2002/3 Нед Aвг 16, 2009 5:55 am | |
| Интересно: Десет години по излегувањето на мини сериалот „Vamp“, Антонио Калмон повторно пишува за вампири. По зборовите на авторот, сличноста помеѓу двете приказни е тоа што се комедии. Обожавателите на Глобо пишувале протесни писма поради тоа што не сакале друг режисер да го прави ова продолжение. Тогаш Антонио Калмон се сретнува со гледачите и им објаснува дека „Бакнежот на вампирот“ не е никакво продолжение од претходната мини серија. Мараморес, градот, во кој се развива дејството во приказната, бил изграден на земја од 6,000 квадратни метри и вклучувал цел полициски екипаж, префектура и се разбира, гробишта. Некои велат дека всушност новосоздадениот град многу наликувал на архитектурата на Прага, главниот град на Чешка. Тоа е направено така, за да се преддаде повеќе дел од имигрантите од Источна Европа, поточно од Романија. Наредната година, Антонио Калмон исто така изјави дека ќе прави нова хумористична новела за вампири наречена „Doce vampiro“. O Beijo do Vampiro - Бакнежот на вампиротПериод на емитување: 26 август 2002 - 3 мај 2003 Број на епизоди: 215 Синопсис:Бето и Ливија живеат среќно во Рио де Жанеиро, со своите три деца: Зека, Тете и Жунињо, додека не се случува нешто што им ги менува животите засекогаш. Откако тие го губат целото богатство заради недобра зделка, Бето загинува трагично во мистериозна несреќа. Тогаш Ливија се справува со предизвикот да се бори сама во животот, не само заради себе, туку и за трите деца. Ливија решава да се премести во малиот крајбрежен град, Мараморес, каде живее мајка и, за да може полесно да ги преброди тешкотиите во животот. Заедно, со финансиските тешкотии, пред Ливија се појавуваат и нови тешкотии: таа дознава, дека е вовлечена во вечната борба помеѓу Доброто и Злото. Се дознава, дека таа всушност е преродената принцеза Сесилија, вечната љубов на вампирот Борис Владеско. Тие се запознале во Европа во текот на 17. век, кога Борис го отстранил од патот својот конкурент, грофот Рожерио, во кој таа била вљубена и за кого сметала да се венча. Во денешницата, Рожерио е сопругот на Ливија – Бето. И два пати, Рожерио се сретнува со Борис (и во 17 век, и во 21 век) и умира. Во сегашните денови, Бето умрел заради вклучувањето на зделката со бизнисменот Игор Пивомар (тој е вампирот Борис), со кого се запознава „случајно“. Заради тешкотиите поради потрага за работа, младата вдовица се согласува да и помогне на својата мајка Зороастра, која живее во малиот град Мараморес и е сопственичка на најголемиот хотел во градот. Ливија се преместува со децата и се појавуваат двајца кандидати за нејзинитото срце: Августо, кметот, вљубен во неа од деството, и Родриго, елегантен професор. Но пречки кон срцето на Ливија се невидливите сили на Доброто и Злото. Всушност, Борис дејствува врз професорот, за да си ја врате љубовта и синот. И така, Борис пристигнува во Мараморес, за да се сретне повторно со својата сакана Сесилија – неговата бесмртна љубов. Ливија ја чува тајната од најголемиот син Зека. Таа никогаш не му открила дека тој е полу-вампир, и син на Борис. За тоа вампирот се појавува во градот, за да го подготви сина си во нова улога – да го претвори Зека во љубеник на крвта. Самиот Зека ги обожава приказните за експлицитните „деќа на ноќта“ и очајно се бори – тој не сака да има црвени очи, остри заби и да пие крв. Тој сака да биде синот на загинатиот татко, Бето. Но крвта на вампирот, која тече во неговите вени, прави момчето да добие способност да чита мисли. Борис не престанува со обидите да го добие срцето на сина си и го посетува ноќта, влегувајќи во неговите сонови. Заедно со Борис, во Мараморес пристигнуваат и другите вампири, за да ги плашат жителите во мирниот град. Помеѓу нив е и Мина, сопругата на Борис и елегнатниот вампир Виктор, кој ја приклучува Сиса во својата игра на измами. Борис си има свој шпион кој му кажува сè што се случува со Ливија – тоа е чудното зелено суштество, Чудовиштето од огледалото, кое живее во едно старо огледало во домот на Борис. Борис не ги заборава и старите пријатели – од време на време тој му се јавува и на гроф Дракула во Романија. Но „Децата на ноќта“ не остануваат неказнети – Ливија и другите жители на градот се борат за своите животи. Во таа борба Ливија има многи истомисленици. Кога вампирот Борис ги зема своите предности, против него се појавуваат силите на Доброто во лицето на ловецот на вампири –др. Галилеу, последниот потомок на ловецот на вампири Ван дер Бургер. Галилеу ван дер Бургер не сака неговиот обожуван син Барто да биде уапсен. Мистериозната Зороастра, мајката на Ливија, современа вештерка, исто ги следи вампирите. Но и Борис не е многу верен на својата сопруга. Тој го користи Родриго, за да се доближи до својата Сесилија (Ливија). Но тоа не му изгледа добро на Августо, кој во минатото ја сакал Ливија. Августо е вдовец, кој ги огледува децата со помош на својата роднина Марта, слепа жена, која всушност го сака него, и прави сè што е можно тој да престане да мисле на Ливија. Улоги: Тарцисио Меира, Флавија Алесандра, Марко Рика, Александре Боргес, Дебора Секо, Глорија Менезес, Клаудија Раиа и др. | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: O BEIJO DO VAMPIRO, Rede Globo|2002/3 Нед Aвг 16, 2009 2:45 pm | |
| Колку испомешано Сега го прочитав синопсисот, интересно делува, впрочем каде на друго место имаме видено ваква серија? Никаде. Ова е комедија? Хм...комедија со вапмпири, мало гратче, интересно делува. Борис е демек лошиот? Јас не сакам фантастични серии, така да воопшто не ме пали оваа, али интересно е да се чуе какви серии прават Бразилците, значи секакви со еден збор, и тоа е за пофалба. Овој на сликата да не евампирот Борис? | |
|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: O BEIJO DO VAMPIRO, Rede Globo|2002/3 Нед Aвг 16, 2009 2:49 pm | |
| - Beauty напиша:
Овој на сликата да не евампирот Борис? Да, Тарцисио Меира го глуми главниот Борис/Игор. А интересно е тоа што за време на прикажувањето на серијата, Глобо отворил веб сајт наречен Вампироманија, каде што тоа детето Зека во серијата го посетувал сајтот и читал се‘ за вампирите и тоа дали навистина би можел да има вампирска крв. Истото можеле да го проверат и гледачите на новелата | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: O BEIJO DO VAMPIRO, Rede Globo|2002/3 Нед Aвг 16, 2009 2:50 pm | |
| Глупости. Јас не би се занесувала никогаш по такви работи, затоа не гледам такви глупости, посбено ако се комедии. Вампирите се израз на хорор филм, иако и во хорорите ми изгледаат нереално и смешно, па камоли во една комедија. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: O BEIJO DO VAMPIRO, Rede Globo|2002/3 | |
| |
|