Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: EUREKA, SyFy|2006- Саб Aвг 15, 2009 5:26 pm | |
| ЕУРЕКА е американска научно-фантастична серија, која се фокусира на еден град речиси целосно населен со генијалци. Моментално во Америка се емитува вториот дел од третата сезона, а пред еден месец беше најавено дека серијата ќе има и четврта сезона. Кај нас серијата можевте да ја гледате на Канал 5 и 5+ и сега повторно може да ја гледате на Канал 5. 1 сезона: 12 еп. 2 сезона: 13 еп. 3 сезона: 14 еп. (засега) = 39 епизоди (засега) Кратка содржина:Еден ден американскиот маршал Џек Картер ја вози својата ќерка Зои во Лос Анџелес, назад кај нејзината мајка од која побегнала. Расправајќи се со ќерката, тој не обраќа многу внимание на патот, па обидувајќи се да сврти за да го избегне залутаното куче, ќе ја чукне колата. Заедно одат до најблискиот град, Еурека, да побараат помош. Тоа што не го знаат е дека Еурека е се, само не обичен град. Додека чекаат да им ја поправат колата, чудни работи почнуваат да се случуваат, па Картер ќе се понуди да помогне и набрзо открива дека Еурека е таен државен проект. Речиси сите жители се научници, некои од најголемите светски умови, а Еурека е место каде што се постигнати најголемите светски достигнувања. Кога локалниот шериф ќе настрада, Картер е поставен за нов шериф на градот. Иако не е премногу среќен, тој се сели во градот на генијалците, а наскоро му се придружува и Зои. Картер, како обичен човек, кој не знае скоро ништо од науката, станува важен дел од оваа необична заедница, која ја сочинуваат научници како локалниот механичар Хенри, Нејтан, Фарго, Винсент, сопственик на локалниот ресторан, Џо, заменикот на Картер, Тагарт, стручњак за животни, Беверли, градскиот психијатар и Алисон, која е тука како врска помеѓу овој град и државата. Улоги: Колин Фергусон, Сели Ричардсон, Џо Мортон, Џордан Хинсон, Ерика Сера, Ед Квин... | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: EUREKA, SyFy|2006- Саб Aвг 15, 2009 7:10 pm | |
| Не е лоша, понекогаш ја погледнувам, смешен ми е односот на овој со керка му | |
|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: EUREKA, SyFy|2006- Саб Aвг 15, 2009 7:11 pm | |
| Сум ти кажала, ќе ти кажам пак - одлично ги поставуваш темиве Никогаш не сум ја погледнала серијава, оди на канал 5, а сега ја читам содржинава и баш ми се допаѓа. Дали има многу фантастични елементи? | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: EUREKA, SyFy|2006- Саб Aвг 15, 2009 7:16 pm | |
| | |
|
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
| Предмет: Re: EUREKA, SyFy|2006- Пон Aвг 17, 2009 4:36 pm | |
| Да, има многу фантастични елементи, затоа што е таква серијата, градот е полн со генијалци, кои прават нови, напредни изуми, па мора да има. - Beauty напиша:
- Сум ти кажала, ќе ти кажам пак - одлично ги поставуваш темиве
Фала.
Што се однесува до серијава, јас прво ја изгледав втората сезона, па потоа цела од почеток ја гледав на 5+ и сега ја гледам како што излегува во Америка. Со текот на времето многу ја засакав и моментално ми е една од омилените. Оригинална е, има одлични, кул ликови и парови/тандеми и интересни и смешни ситуации. Ја обожавам. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: EUREKA, SyFy|2006- | |
| |
|