Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
Home10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Empty
20090808
Пишување10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Sony-datatile-minority
Сите филмови со научно фантастична содржина се обидуваат да ја
предвидат иднината најточно што можат. Денес, погледнуваме наназад и ги
одделуваме оние филмови што најмногу промашија.

10. „Сојлент грин“ (1973)


10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Soylent_green

Според
овој филм, популацијата на Менхетен во 2020 ќе биде 40 милиони жители
(3 пати повеќе од што е денес Мумбаи). Со оглед на тоа што според
пописот од 2000 година имало само 8 милиони, а годината во која се
случува филмот рапидно се наближува, њујорчаните би требало веднаш да
засукаат ракави и да се фатат за работа доколку сакаат приказната да се
обвистини.












9. „Блејд ранер“ (1982)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Blejd_raner
Ридли
Скот можеби има едно чудо филмски ремек-дела зад себе, ама како
предвидувач на иднината е крајно неуспешен. За 10 години од денес (кога
се одвива филмот) нема да имаме колонии на други планети, ниту пак
самосвесни роботи кои ќе изгледаат како Дерил Хана (колку и добро тоа
да звучи). Од друга страна, компанијата наречена Терафугија успешно го
тестираше првиот летечки автомобил, па можеби за една декада ќе можеме да се бркаме низ воздухот.










8. „Островот“ (2006)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Ostrovot
2019
се чини дека е одлична година за научно фантастичните приказни. Во
истиот период кога Ридли Скот ги натера репликантите-убијци да трчаат
низ Лос Анџелес, Мајкл Беј ги натера клоновите-бегалци да бегаат низ
Лос Анџелес. И иако постојат некои експерименти во областа на човечкото
клонирање, ќе минат уште многу години пред научниците да можат да ја
клонираат Скарлет Јохансон.










7. „Враќање во иднината 2“ (1989)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Vrakjanje_vo_idninata_2
Еве
што ќе се случи во 2015: „Ајкула 12“ нема да излезе, освен ако
студијата не мислат дека е апсолутно неопходно да направат уште 8 дела
во наредните 6 години; нема да можеме да го контролираме времето (ако
ништо повеќе, тоа ќе стане уште понепредвидливо); и за жал, оние
хавер-скејтборди нема да бидат направени. Од друга страна, овој филм
добива поени за предвидувањето дека Флорида Марлинс ќе ја освојат
титулата во MBL (бејзбол лигата) во 1997.














6. „2010“ (1984)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината 2010
Според
„Одисеја 2001“ требаше да има летови со екипажи до Јупитер и самосвесни
компјутери кои ќе започнат да убиваат, во годината кога ја гледавме
вселенската станица Мир како паѓа на Земјата и работевме на Windows XP.
„2010“, крајно непотребното продолжение, ги продолжува промашувањата од
првиот дел, со додаток на уште една огромна грешка - студената војна.
Според овој филм, за неколку месеци Американците и Советите треба да се
на работ на третата светска војна. И освен ако односите меѓу Путин и
Обама драматично не се влошат, не очекувајте да се оствари
предвидувањето.





5. „Двовековен човек“ (1999)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Dvovekoven_covek
До
2005 требаше да имаме роботи кои ќе изгледаат морничаво, за чистење на
куќата и одзатнување на одводите. Но, во 2005 имаве Румба со опен сорс
софтвер и малку поголема комора за собирање на правот. Убав производ,
но не очекувајте оваа самодвижечка правосмукалка да ви стане пријател
во скоро време.











4. „Смртоносна трка 2000“ (1975)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Smrtonosna_trka
Во
овој филм, фашистичка Америка се претвора во една голема улична трка
полна со ужас, во која не се победува само според тоа кој најбрзо ќе ја
заврши, туку и според бројот на недолжните минувачи кои ќе ги убиете
попатно. И иако во 2000 година во Америка имаше тензични избори, никој
не бркаше пешаци по тротоарите.












3. „Бегство од Њујорк“ (1981)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината Begstvo_od_njujork
Во
1981 година, кога Џон Карпентер го направи овој филм, трета светска
војна и/или незауздлив криминален бран беа реална можност. Но, во
годината кога се случува приказната, Советскиот Сојуз се распадна, а
процентот на криминал опадна за 75%! Доколку претседателот заглавеше во
Њујорк, тоа сигурно ќе беше заради сообраќаен метеж, а не затоа што го
киднапирале улични криминалци.












2. „12 мајмуни“ (1995)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината 12_majmuni
Според
филмот, најголемиот дел од човечката популација изумрела во 1996 заради
ослободувањето на неверојатно заразен вирус. Единственото нешто што
дојде блиску до епидемија во тоа време беше првиот сингл на Спајс Грлс.













1. „1984“ (1984)

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината 1984
Џорџ
Орвел замислил општество од иднината со кое владее тело наречено
Министерство за љубов, кое ги шпиунира граѓаните; политички глупости
кои постојано се вртата на огромни телевизори; и песни напишани од
компјутери. Па и не промашил многу, да бидеме искрени.







[Top 10 Inaccurate Movies About the Future]
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината :: Comments

No Comment.
 

10 научно фантастични филмови кои најмногу ја промашиле иднината

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: