Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
Home6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Empty
20090808
Пишување6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те

6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Bp-cganimation
Иако не сите овие цртани филмови потекнуваат од 80-те, тоа е периодот
кога најмногу беа емитувани и периодот кога ни пренесоа некои од
најважните животни лекции.


6. Комунизмот функционира („Штрумфови“)

6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Smurf
Имаме
село, во кое сите работат за доброто на сите, носат исти униформи кои
се прикладни за секаква работа, раководени се од старец со брада чии
зборови никогаш не се преиспитуваат. Згора на тоа, постојано се борат
против злобниот Гаргамел кој наоѓа нови и нови планови за збогатување,
се разбира, на штета на Штрумфовите. Ако и ова не ви е доволно, еве
еден цитат од другарот Велештрумф: „Од секого според неговите
способности, за секого според потребите“.

Ефектот кој го имаше: Во суштина, комунизмот престана да биде опасен
или потполно престана да биде, така што не е ни можно да постои некој
вистински ефект од овој цртан филм во денешно време. Но, затоа пак,
принципот на една девојка на секои триесетина мажи останува валидно
предупредување за оние што се запишуваат на машински.




5. Спанаќот е добар („Попај“)


6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Popeye1
Спанаќот
не е вкусен, но затоа има толку хранливи материи, витамини и минерали,
што знаете дека мускулите ќе ви се претворат во топови. Ако сакате да
ги победите Дибеците од светот и да го освоите срцето на вашата Олива,
една конзерва спанаќ дневно би требало да ја заврши работата.

Ефектот кој го имаше: Погледнете ги само скандалите кои го потресуваат
спортот. Попај порасна генерација која не се мисли два пати пред да
посегне по стероиди. Исто така, треба да се истакне дека Олива е првиот
анорексичен секс-симбол.







4. Знаењето е половина од битката („Џи Ај Џо“)


6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Gijoe
Другата
половина е ефективно да ги истепаш терористите. А, со неверојатно
добрите шифрирани имиња: Змиски очи, Дук, Бродолом итн., победата не е
проблем. Добрите секогаш победуваат, зашто работат заедно, додека
терористите се кукавици и бегаат секогаш кога ќе ги видат ласерските
пушки. Како што наредникот Колеж еднаш кажа: „Нашите непријатели се
иновативни и затоа сме и ние. Никогаш не престануваат да смислуваат
нови начини да ѝ наштетат на нашата земја, затоа и ние нема да
престанеме“. Добра стратегија.

Ефектот кој го имаше: Војната во Ирак веројатно била подготвена со
дводневен маратон од овој цртан филм во Пентагон. Водачите на Америка
дошле до консензус дека добрите мора да победат, на своите трупи им
поделиле симпатични прекари и се потпреле на тоа дека знаењето е
половина од битката. Штета што не знаеле ама баш ништо.

3. Не верувајте никому! („Скуби Ду“)

6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Scooby
Никој
не е она што изгледа. Чудовиштето во маглата е некој фармер кој краде
стока од својот сосед. Духот на таванот е некој осамен старец кој не
сака друштво. Среќното дебело дете е маскиран сериски убиец, итн. Секој
е осомничен и никому не смеете да му го свртите грбот. А, кога ќе ве
нападне параноја, земете скуби-бисквита. Па што ако е храна за кучиња?

Ефектот кој го имаше: Навратете се на паранојата.








2. ОК е да се биде геј („Химен“)


6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Heman
Погледнете
го човеков - русокос, со убаво средена фризура, развиен, со правилна
дефиниција, исончан, без влакна на градите, има магичен меч и што е
најважно, фантастични моќи. Ги поканува своите пријатели - господарите
на универзумот да дојдат во неговиот замок кога ќе посакаат, но Черепот
и неговите грди придружници никогаш не смеат да се придружат. Треба ли
да се продолжи со набројувањето?

Ефектот кој го имаше: Придонесе за ослободување на сексуалноста кај многумина.







1. Ако не сме внимателни, роботи ќе нè убијат сите („Трансформери“)


6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те Transformers
Ова
е всушност лекција за понизноста која многу лесно им се пренесе на
малите деца, со оглед на тоа што „Трансформери“ беше еден од најдобрите
цртани филмови на тоа време. И кога машините ќе ги заменат луѓето,
преживеаните веројатно ќе стојат наоколу и ќе мафтаат со „Автобот“
знаменца, зашто, да бидеме реални, нема многу полоши работи на светов
отколку да ве изеде злобен робот-автомобил.

Ефектот кој го имаше: Причините зошто некои луѓе се плашат да се
доближат до Тојота Приус и ги покриваат телевизорите кога спијат (за да
не ги ѕиркаат), веројатно лежат во овој цртан филм.
[8 Important Lessons Learned from '80s Cartoons]
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те :: Comments

No Comment.
 

6 важни лекции научени од цртаните филмови од 80-те

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: