Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЗагреб ги чека U2 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Загреб ги чека U2

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Загреб ги чека U2 Empty
20090806
ПишувањеЗагреб ги чека U2

Загреб ги чека U2 Tour_banner300

На само неколку
дена од одржувањето на првиот од двата закажани концерти во Загреб,
локалните организатори ги соопштија бројките поврзани за настапот на
ирскиот состав U2. Промоторот Владимир Иванковиќ и продуцентката
на концертот Мартина Погачиќ, на средбата со новинарите, која се
одржала во скромниот оддел на стадионот Максимир, каде што вообичаено
се одржуваат фудбалските прес-конференции, рекле дека сe е подготвено
за најголемиот спектакл што воопшто се случил досега во Загреб.


Некои работи веќе почнаа, но главниот дел ќе почне денес, кога
стигнува најголемиот дел од опремата и продукцијата на U2. Загреб
никогаш претходно немал ваков спектакл. Продукциски овој концерт е два
пати поголем од оној на Ролингстоунс што се одржа на Хиподромот -
изјавил промоторот Владимир Иванковиќ.


Шоуто и сцената што ќе биде поставена ќе бидат идентични како оние
во Париз, Милано, Мадрид, Њујорк. Според димензиите, ова ќе биде
најголемата сцена што загрепчани ја виделе на свој терен. Сцената ќе
биде поставена на јужната страна од Максимир, а највисоката точка е на
педесетина метри, што практично е повисоко од западната трибина на
стадионот. Целата опрема, која ќе доаѓа во неколку интервали, е
спакувана во 110 камиони. За да се подготви теренот за отпочнување на
монтирањето на сцената, потребни се 12 часа, а самото составување ќе
трае вкупно четири дена. За поставувањето на осветлувањето и на
озвучувањето на 400-те луѓе кои ќе работата ќе ми биде потребно еден
ден, а другите три дена ќе ги поминат во монтирање на комплетната
сцена. За разлика од поставувањето, собирањето е многу побрзо, и трае
само два дена.


На двата концерта, на Максимир ќе дојдат околу 120.000 луѓе, за што
е потребно голема координирана акција, меѓу организаторите, полицијата,
јавниот превоз и другите служби што се вклучени во овој музички циркус.
Картите за вториот концерт, кој ќе се одржи на 10 август, кој всушност
беше прв закажан, веќе се распродадени, а првиот, кој ќе се случи еден
ден порано, има уште малку влезници. Најголем број покрај Хрватите, ги
купиле Австријци, Унгарци, Словенци, Чеси и Словаци, а помал дел се
продадени и во Македонија, Босна, Србија, Бугарија, Романија и Турција.

Според распоредот, концертот на U2 ќе почне точно во 21 часот, а
вратите на стадионот ќе бидат отворени во 16.30 часот. Првата предгрупа
The Hours, ќе почне во 19 часот, додека пак втората Snou Patrol, ќе
почнат во 19.45 часот.


U2 скомни во своите барања


Иако U2 во моментов важи за еден од најголемите групи, сепак
членовите немаат некои специјлани барања, освен оние стандардните. Тие
ќе бидат сместени во еден од најлуксузните хотели во Загреб, а со себе
ќе си носат свои готвачи што ќе им ја приготвуваат храната. Низ градот
Боно и неговите компањони ќе се возат во луксузни мерцедеси, кои ќе ги
чекаат уште на аеродром. Покрај личното обезбедување што го има
групата, хрватските организатори дополнително ќе им обезбедат уште луѓе
кои треба да се грижи за нивата сигурност во деновите додека
престојуваат во Загреб.

Тие се многу едноставни луѓе, немаат
некои посебни барања, така што не би требало да има никакви проблеми -
истакна Мартина Погачиќ.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Загреб ги чека U2 :: Comments

No Comment.
 

Загреб ги чека U2

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: