Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeСпомен куќата на Тоше готова в година Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Спомен куќата на Тоше готова в година

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Спомен куќата на Тоше готова в година Empty
20090806
ПишувањеСпомен куќата на Тоше готова в година

Спомен куќата на Тоше готова в година Tose2copy
Изведувачите со
забрзано темпо работат на спомен-куќата на Тоше, во Крушево. Од
Министерството за култура велат дека изведбата на објектот се одвива
според договорот, а во тек е фазата за изработка на проектот за ентериерно уредување.

Паралелно треба да биде завршена и постапката за избор на фирма што ќе го работи ентериерното уредување и опремување.

Конечната
реализација на објектот ќе зависи од динамиката на прибирањето на
предметите што ќе бидат сместени во спомен-домот и кои треба да се
добијат од продукцијата и од семејството.


Спомен куќата на Тоше готова в година B46656905E2E3846907467C4024B63EAПотребно
е да се изработи и поставка од привремен и постојан карактер.
Неофицијално дознаваме дека ако се се одвива според предвидениот план,
спомен-куќата комплетно ќе биде готова во средината на 2010 година.




Фондацијата ја продолжува хуманата мисија на Тоше


Со
радост во очите и со насмевка седумдесет и седумгодишната крушевчанка
Милица Николовска се упати во ординацијата каде што требаше да се
прегледа на ехокардиографскиот апарат што го донира Фондацијата Тоше
Проески. Таа живее сама, во својот дом, а како срцев болен не е во
можност да патува во околните градови за да ја контролира својата
болест.

Благодарни сме им на Фондацијата и на семејството на
Тоше Проески што ни подарија еден ваков апарат, кој ќе ни ги скрати
маките. Сега веќе не треба да одиме на преглед во Прилеп, Битола или во
Охрид - вели Николовска, која беше првиот пациент кому му се изврши
проверка на срцето со ехокардиографскиот апарат.

Тоше се грижеше за здравjето на наjблиските

Спомен куќата на Тоше готова в година 7796C9EFF81DBE4CB243D58D0F31C06AСпоред
информациите од Здравствениот дом, секој втор жител на Крушево боледува
од кардиоваскуларни заболувања. Тоа беше и главната причина Фондацијата
да донира ехокардиографски апарат од Јапонија, вреден 25.000 евра, кој
ги исполнува сите стандарди и техники за солиден инетрнистички и
кардиоваскуларни прегледи.

Овој апарат беше најнеопходен за
болницата со оглед на старосната структура на населението во Крушево.
За нас е од големо значење, бидејќи со сопствени пари не можевме ни да
помислиме да го купиме. Многу сме им благодарни на Фондацијата, а
особено на родителите на Тоше, кои согледувајќи ја реалната потреба,
беа главните иницијатори за неговата донација - ни рече д-р Ѓорѓи
Дамчески, директор на Здравствениот Дом во Крушево. Дамчевски, најави
понатамошна соработка со фондацијата што го носи името на човекот што
отсекогаш бил обожаван од своите сограѓани.

Тоше беше здраво
момче. Но, често доаѓаше на лекар со членовите на своето семејство.
Беше загрижен, особено за постарите членови на семејството и секогаш се
обидуваше да им помогне - се сеќава тој.

Нови донации

Фондацијата
Тоше Проески е во контакт со детската клиника во Скопје и во зависност
од нивните потреби ќе бидат донирани медицински апарати.

Бидејќи
Тоше многу ги сакаше децата, се решивме да донираме апарати што ќе
помогнат при лекувањето на најмладите. Исто така им дадовме повеќе од
10.000 евра на физички лица за итни операции - ни изјави Андреј
Николоски, директор на Фондацијата.

Фондацијата активно
учествува во изградбата на манастирот Св. Преображение, го опреми
музичкиот кабинет во крушевското основно училиште со инструменти во
вредност од 6.000 евра, наскоро ќе го сними со свои пари спотот за
темата Guilty, од англискиот албум на Проески.


Дневник
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Спомен куќата на Тоше готова в година :: Comments

No Comment.
 

Спомен куќата на Тоше готова в година

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: