Меѓународната фондација Тоше Проески го објави долгонајавуваното DVD - Те сакаме сите, Тоше, снимено на ланскиот хуманитарен концерт во Скопје, во чест
на великанот Тоше Проески. Да потсетиме, концертот пред неколку
десетини илјади посетители се одржал на 5-ти октомври, на Градскиот
стадион во Скопје, а во чест на Тоше, неговите песни ги пееа
најеминентните домашни, балкански и европски музичари: Наум Петрески,
Синтезис, Биља Крстиќ, Гоца Тржан, Бојан Маровиќ, Нина Бадриќ, Тони
Цетински, Адријан Гаџа, Калиопи, Леонтина, Аки Рахимовски, Жељко
Самарџиќ, Руслана...
DVD-то
за 300 денари може да се купи насекаде во Македонија, а за
дистрибуцијата е задолжена Носталгија рекордс (ТЦ Беверли Хилс,
телефон: 02/ 31-32-010).
Но тоа не е се! Фондацијата подготвува
нов албум на Проески, на кој ќе има пет теми. Три од нив се стари
хитови, со нов аранжман за кој се погрижи хрватскиот продуцент и
аранжер Никша Братош. Двете нови композиции се песните Још увек сањам
да смо заједно, на Мирослав Рус, и Крушево, за која музиката ја напиша
трагично починатата ѕвезда. Во подготовка е и дивидито со филмот
Најтешкото и серијата Пет години Балкан.