Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeКаролина раскина со Дино Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Каролина раскина со Дино

Go down 
АвторПорака
Beauty
Супер Модератор
Супер Модератор
avatar


Број на мислења : 11114
Location : Скопје
Registration date : 2008-08-12

Каролина раскина со Дино Empty
20090707
ПишувањеКаролина раскина со Дино



ПОП-ЅВЕЗДАТА ЈА РАСКИНА ПОВЕЌЕГОДИШНАТА ВРСКА
Каролина му ја испеја на Дино песната "Крај"

Поп- ѕвездата Каролина Гочева и скопскиот бизнисмен Дино Балиќ, ја прекинаа четири годишната врска. Оваа приказна веќе подолго време кружи низ скопската чаршија, иако поп-ѕвездата сè до завчера официјално не сакаше да потврди.
Каролина раскина со Дино 7AEEE823FAEFBF478FC037F3CB506FF2

Каролина е секогаш воздржана што се однесува до коментарите за нејзиниот приватен живот, па на прашањето дали е вистина дека веќе не е со Дино, ни одговори само со куса смс порака:
- Ха, ха, ха, а бе еднаш не ме оставате да раскинам на раат", стои во смс пораката што ни ја испрати Каролина.
Дино Балиќ пак не сакаше да коментира ништо.
- Прашајте ја Каролина, јас не сум позната личност и не би сакал да давам никакви изјави". Не правите баук од ова, ни рече Балиќ во телефонскиот разговор.
Интересно е што Каролина по подолга пауза токму во времето кога започнаа муабетите дека е сама и слободна промовивираше нов сингл. Песната се вика "Крај", а за неа ја напиша српскиот рапер Скај Виклер. Новата Каролина во спотот е во своето најпровокативно издание. Во секси долна облека, таа се плиска во вода, го разголува стомакот и пее: Ние никогаш не сме биле добар пар, знам ти никогаш не си посакал ваков крај". Иако скржава во изјавите за медиуимите, Каролина со појавата во спотот и текстот на песната, на чаршијата и дава нови поводи за муабет. На сите јавни настани, Каролина и Дино се појавуваа заедно, се до пред неколку недели. На отварањето на дискотеката "Хард рок", Дино дојде сам, а Каролина на журка низ скопските кафулиња и клубови може да се види во друштво на пријателки.
Поп-ѕвездата и со претходните врски секогаш беше интересна и озборувана во јавноста. Најголема фама се крена кога во 2003 година нејзиниот поранешен дечко Гроздан, со билборди на кои пишуваше "Каролина те сакам", откако раскинаа сакаше да ја врати назад. Потоа беше во љубов со српскиот бизнисмен Михајло Ражњатовиќ, син на Жељко Ражњатовиќ- Аркан, па повторно ја обновија врската со Гроздан.
Дино Балиќ пред Каролина, четири години беше во врска со манекенката Натали Грубовиќ.
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Каролина раскина со Дино :: Comments

No Comment.
 

Каролина раскина со Дино

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: