Кавга во семејство Џексон - на кој начин да биде закопан Кралот на поп музиката? Спектакуларно или достоинствено, едно е сигурно - Мајкл Џексон на себе ќе ги има вештачките трепки поставени на начинот што најмногу му се допаѓал.Менаџерот на Мајкл открива дека во семејството се води војна за деталите околу погребот на Кралот.
Браќата одлучни во намерата погребот на биде вистински шоубиз спектакл, додека нивната 79-годишна мајка сака ковчегот да биде затворен поради трите деца над кои таа има привремено старателство.
Во едно се согласни, Мајкл ќе биде закопан без мозок, кој му беше изваден поради обдукцијата, а семејството не сака да чека да завршат сите тестови - тестовите на мозокот може да се прават дури откако ткивото ќе се стврдне.
Тројцата браќа Џаки, Тито и Марлон сметаат дека Мајкл заслужува урнебесен погреб и сакаат отворениот ковчег да помине по сите улици.
Комеморацијата на Кралот на попот започнува во вторник во 19 часот по средноевропско време во Центарот Стејплс во Лос Анџелес, на насобраните обожаватели ќе им пее Стиви Вондер, а можно е да учествува и Џенифер Хадсон.
Двете најстари деца Принц Мајкл и Парис се изјасниле дека сакаат да учествуваат на погребот, за најмладиот син Принц Мајкл Вториот ќе одлучи баба му. Едно е сигурно - децата на погребот нема да носат маски.
Се’ појасно станува дека на Џексон му било ептен тешко во животов...посебно со ваква фамилија.
Извор:
А1