Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeЕМИ наградите - следна цел на Барни!!! Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 ЕМИ наградите - следна цел на Барни!!!

Go down 
АвторПорака
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

ЕМИ наградите - следна цел на Барни!!! Empty
20090704
ПишувањеЕМИ наградите - следна цел на Барни!!!

Нил Патрик Херис, популарниот актер од „Како ја запознав мајка ви“, серија која без неговиот лик Барни - не би била тоа што е, ќе биде домаќин на овогодинешните ЕМИ награди кои ќе се одржат на 20 септември!
ЕМИ наградите - следна цел на Барни!!! Blog_brocode_081003
Херис годинава се чини дека ја има домаќинската „треска“, а тоа верувам дека ќе и се допадне на публиката. Пред некое време, тој исто така бил и презентер на 63тите последователни Тони награди и 7мите TV Land Awards. И двете од критичарите добија позитивни критики и ни понудија незаборевен сегмент за време на CBS-овите пред-конференции на кои тој го презентираше така наречениот "Bro Code" (Братски законик). Сега, се чини дека тој го има најголемиот презентерски предизвик досега - Емијата.

Според EW.com Нил Патрик Херис веќе потпишал договор според кој ќе го видиме на подиумот на 61вите ЕМИ награди кои, како што веќе спомнав, ќе се случат на 20 септември со директен пренос на CBS. Критичарите и публиката во последните неколку години константно ги „плукаа“ Еми наградите од едноставна причина што одговорните лица имаа избрано навистина непопуларни и досадни водители за истите (на пример, на минатите шок беше што видовме пет водители од реални шоуа кои ги презентираа ЕМИ-јата - нешто кое не беше баш прифатено со широки гради). Токму од оваа причина, јавноста во САД е комплетно шокирана од одлуката Херис да биде домаќин на овогодинешните награди, од едноставна причина што самата одлука не е идиотска!

Самиот Патрик во последниве две години беше номиниран за најдобар спореден актер во комедија, а и годинава е еден од главните фаворити за наградата, па да му држиме среќа дека конечно ќе му биде доделена! ЕМИ наградите - следна цел на Барни!!! 360296
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Share this post on: reddit

ЕМИ наградите - следна цел на Барни!!! :: Comments

No Comment.
 

ЕМИ наградите - следна цел на Барни!!!

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: