Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| | Abba ќе ги пополнува датумите на Michael Jackson? | |
Шведската супергрупа Abba ја прекинуваат пензијата – се известува дека понуден им е мултимилионски договор да ги преземат датумите од камбек турнејата на Michael Jackson во Лондон. Беше предвидено Кралот на поп музиката почнувајќи од овој месец, а продолжувајќи следната година да одржи 50 концерти во Британскиот главен град во O2 арената. Неговата ненадејна смрт минатата недела ги остави промотерите AEG Live да се борат со времето и брзински да ги пополнат празните термини.
Така, компанијата им понудила на Mamma Mia хитмејкерите мултимилионски договор да ја преземат огромната резиденција. Шефот на O2 арената, David Campbell за весникот The Sun изјавува: "Постои четврока од Шведска со која сме во преговори."
Abba патот кон славата го започнаа во 1973 година и постигнаа огромен успех, но личните тензии меѓу членовите на групата придонесоа за разидувањето на почетокот на следната деценија.
Според изворите на магазинот: "Во игра се милиони. Но треба да се надминат многу препреки."
Извор: Антена 5 | |
|