Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeU2 ја започнаа својата турнеја! Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 U2 ја започнаа својата турнеја!

Go down 
АвторПорака
Losteech
Модератор
Модератор
Losteech


Male Zodiac : Scorpio Број на мислења : 2191
Birthday : 1993-11-05
Age : 30
Location : Скопје
Registration date : 2008-12-21

U2 ја започнаа својата турнеја! Empty
20090702
ПишувањеU2 ја започнаа својата турнеја!

Пред 90.000 обожаватели во Барселона U2 ја започнаа првата светска турнеја по три години.
U2 ја започнаа својата турнеја! X229207229747856368_3
Во следните четири месеци Ирскиот бенд ќе настапува пред импресивна бројка од 3 милиони обожаватели во 31 град низ Европа и Северна Америка, а се очекува следната година да се закажат и дополнителни концерти. Турнејата U2 360 си го оправдува името бендот свири на огромна округла сцена опколен од обожавателите.

Околу 500 сопственици на билети ноќта ја преспале пред стадионот Ноу Камп со надеж кога ќе бидат отворени вратите да си зафатат место поблику до бината. Според организаторите, овојпат е полесно, зашто новиот концепт на бината на повеќе обожаватели им нуди појасна глетка, а можат и да присуствуваат повеќе луѓе, зашто цената на билетите беше помала под влијание на рецесијата.

Се смета дека турнејата U2 360 групата ја чини 60 милиони фунти, но музичките експерти сметаат дека ова се добро вложени пари. Свирката во живо станува важен извор за приход за големите музички имиња, со оглед на тоа што продажбата на ЦД-а нагло опаѓа.

Магазинот
Billboard верува дека турнејата U2 360 може да стане највносна на сите времиња, односно може да ја надмине заработката од претходната турнеја на групата, Vertigo, која им донесе 235 милиони фунти.

Bono,
заедно со гитаристите The Edge и Adam Clayton и Larry Mullen Jr на тапани ќе го промовираат материјалот од 12-от студиски албум, No Line on the Horizon.

Критиките за албумот генерално беа добри, а според продажбата им обезбеди прво место на топ листите во 30 земји во светот, вклучувајќи ги и Велика
Британија и САД.
Вратете се на почетокот Go down
http://lostmk.net
Share this post on: reddit

U2 ја започнаа својата турнеја! :: Comments

No Comment.
 

U2 ја започнаа својата турнеја!

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: