Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| | Сузан Бојл во „Ugly Betty“ | |
Сузан Бојл во „Грдата Бети“ Жената со ангелски глас, Сузан Бојл, која стана светска сензација по учеството во шоуто „Британија има таленти“ и го освои второто место, ќе заплови во актерските води со епизодната улога во популарната серија „Грдата Бети“. По неколкунеделното закрепнување од нервниот слом таа се врати на сцена и доби понуда за улога во серијата во која ќе се глуми себеси. Продуцентите ја ангажирале уште пред еден месец, но таа дури сега решила да ја прифати понудата. - Разни продуценти и режисери ја бомбардираат Сузан со разни понуди. Постојано добива повици од Америка, но ги одбива. Сепак, одлучи да игра во „Грдата Бети“ зашто и е една од омилените серии - изјави еден пријател на Сузан. | |
|