Amazônia, de Galvez a Chico Mendes - АмазонијаПериод на емитување: 2 јануари 2007 - 6 април 2007
Број на епизоди: 45
Синопсис:
„Amazonia" ја претставува приказната за Амазонија и нејзините луѓе и покажува како државата Акре станува дел од бразилската држава со борбите на луѓето. Дејството, кое почнува кон крајот на 1899 година, се дели на три фази од завладувањето во определ историски период, покривајќи стогодишен период од историјата на регионот и ликовите како шпанецот Луис Галвес, војникот Пласидо де Кастро и производителот на каучук Чико Мендез.
„Мини серијата започнува во златните години на каучукот, кога, по времето на индустриската револуција, Амазонија е единственото место на светот каде се произведува каучук, предизвикувајќи алчност и интерес на многу држави“ – објаснува писателката Глорија Перез. Серијата ги открива тајните од вистинската приказна на Акре, која, според многу луѓе изгледа измисленост, бидејќи е полна со одмазда, романтика и силни емоции
Приказната го открива животот во Акре секојдневно на две семејства, кои претставуваат доминантна социјална економска класа во регионот за тоа време. Едното семејство е сопственик на каучукова плантажа, а другото производител на каучук. За да ја покажат културата, конфликтите и богатството и луксузот на сопствениците на плантажите, приказната го раскажува животот на полковникот Фирмино, женет за Доња Жулија и татко на Тавињо и Августо. Во истото време, за да се покажат тешкотиите во борбата на луѓето и нивниот начин на живеење, серијата го покажува секојдневнието на семејството на Бастиао, мајка Доња Анжелина и нејзините деца, Делзуити, Бенто и Сисо. Тие, исто како и илјада други семејства, се преселуваат од север во Акре во обид да заработат пари при добивка на латекст од каучуковите дрвја.
Првиот дел од приказната раскажува за ликови, кои се борат, секој по свој начин, за добивањето на независност на Акре, како адвокатот Жосе де Карваљо, кој со проста интелектуалност и без проливање на капка крв, му се попречува на патот на луѓето од Боливија. Друг лик е авантуристот Галвес кој ја објавува независноста на Акре. Третиот лик е војниот Пласидо де Кастро, кој ја спроведува револуцијата во Акре.
Вториот дел од приказната го раскажува производството на каучук и открива што се случува со една каучукова плантажа кога ќе се уништи. Со засадувањето на каучукови дрвја во Малезија, Бразилија отстапува од лидерството во таа област и започнува да губи на пазарот. Тој дел од приказната е базиран на романот „Каучукова плантажа“ на Мигел Херонимо Феранте и „Загината земја“ на Жозе Потигата. –
„Ова е начин глуците да откријат еден дел од приказната за Бразил, која е непозната...“ –сподели самата Глорија Перез.
Приказната на Акре започнува во далечната 1899 година, кога териториите се тема на спор, поради тоа што и припаѓаат на Боливија, но не се засилени од бразилци, кои си заминале од тие места за да добијат каучук, кое е многу плодно за нив поради тоа што станува збор за златните години на добика и заради Индустриската Револуција. Но поради несогласувања на двата народи, луѓето на Акре и производителите на каучук, предводени од шпанецот Луис Главес, и се спротивставуваат на боливарската окупација. На 14 јули, датата кога е на нападната Бискупијата во Франција, е објавена независноста на државата Акре. Галвес е првоизгласениот претседател на новата држава и тој го измислува знамето на независната држава. Но тој буди незадоволство кај многу произведувачи на каучук кои се бунтуваат заради високите такси, наложени од новото управителство. На 28 декември истата година претседателот е симнат од сопственикот на плантажат Антонио де Соуза Брага, кој ја враќа власта на Галвес за помалку од еден месец. Бразилското федерално управителство кое дознава во каков ризик се наоѓа населението, во 1990 март го лишуваат Галвес од властта и вршат над териториите на Акре на Боливија.
Меѓувреме, Пласидо де Кастро, војник од Рио Гранде до Сул, кој живеел во Рио де Жанеиро и Сао Пауло решава да си ја обиде среќата на север, насочувајќи се кон плантажите на Амазонија. Во истото време, раководени од новинарот Орландо Лопез, интелектуалци и боеми од Манаус организираат експедиција за прогонување на луѓето од Болиција и да си ја вратат Акре. Но поради недостатокот на воен опит, интелектуалците многу брзо се уништени. Пред тоа, револуционерите дознаваат дека има потреба од воен лидер и го канат Пласио де Кастро, кој го прифаќа предизвикот. Боливија ја дава под наем Акре на боливискиот синдикат, давајќи му права да ги ескплоатираат земјите на Акре и е спремна да испрати воени сили таму за 30 години. Лино Ромеро е испратен во Пуерто Алонсо за да го подготви договорот за потпис со претставниците на боливискиот синдикат.
Тогаш започнуваат војните дејствиа против Боливија, водени од Пласидо де Кастро и со помошта на сопствениците на плантажите. Добивајќи ја војната, бразилците најнакрај ја соединуваат Акре со Бразилија. Но не како држава, туку само како територија. Како територија, Акре продолжува да биде незабележана и не добива никаква помош од федеративното управување. Пласидо де Кастро, кој се претвора во легенда за месните жители, е убиен откако му се закануваат во 1908 година. И покрај борбата на семејството за праведност, неговиот убиец не ја добива казната. Третиот голем лидер во приказната на Акре, кој исто така е убиен жестоко при 1988 година во Шапури, на местото на правата победа на Пласидо, е производачот на каучук Чико Мендес, кој привлекува внимание не само во Бразилија, туку и во целиост свет. Дознавајќи дека уништувањето на горите е тесно поврзано со запазувањето на производството на каучук, Чико Мендес, создава движење против тоа, но овој пат на помирен начин, користејќи само зборови како оружје. Тој обединува многу проиведувачи на каучикл и Индијанци. Движењето е згрижено од Обединетите Нации и така проблемот за зачувување на горите се претвара во меѓународен.
*Слики и актерската екипа ќе ги поставам за неколку минути.