„Многу сум поопуштена кога се снима сцена во која јас треба да се бакнам со девојка. Можам да се шегувам, додека пак со машките е многу понапнато“, вели Миша.
Ѕвездата од „Округот Оринџ“, Миша Бартон, изјавила дека повеќе и се допаѓаат сцените во кои таа треба да се бакне со девојка, бидејќи има помалку тензија, отколку кога треба истото да го стори со некој машки глумец.
- Навистина е лесно да се бакне девојка. Многу сум поопуштена кога се снима сцена во која јас треба да се бакнам со девојка. Можам да се шегувам, додека пак со машките е многу понапнато - рекла Бартон и додала дека и е необично што баш неа постојано ја одбираат за улоги кои вклучуваат лезбејски сцени.
- Не знам зошто постојано ми доделуваат улоги во кои морам да љубам девојки. Ми се чини дека едноставно имам таква некаква карактерна црта во себе, но не ми пречи.
И покрај тоа што со задоволство се бакнува пред камерите, таа категорично негира дека никогаш не би позирала гола за магазин.
- Се сликав топлес за магазинот Космополитан, но никогаш не би се сликала целосно гола. Тоа не ми прилега - објаснува Миша.