"Transformers" од прв ден заработи 60.6 милиони долари!
Автор
Порака
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
20090629
"Transformers" од прв ден заработи 60.6 милиони долари!
Роботите на "Transformers" се рекордери во Американскиот бокс офис. "Transformers: Revenge of the Fallen" ги отворија кино салите со заработка од $60,6 милиони уште во првиот ден од прикажувањето, што претставува жешко деби во среда-според изјавите на издавачот Парамаунт. Претходната најдобра среда беше за "Harry Potter and the Order of the Phoenix" во 2007 каде што на првиот ден заработи $44.2 милиони.
Трансформерс исто така се искачија на второто место за дневна заработка, зад "Бетмен: Темниот витез" кој заработи $67.2 милиони и чие отварање се случи во петок.
Фановите останаа во доцните часови за да бидат првите што го гледале новиот дел на Трансформери, каде што заработката беше цели $16 милиони од полноќните прикажувања.
Парамаунт предвидеа дека денес ќе заработат $25 милиони, а до крајот на неделата заработката ќе изнесува неверојатни $150 милиони. Само за 5 дена ќе се покријат скоро половина од трошоците за снимањето на филмот кој изнесува $319 милиони.