Гостин Гостин
| Предмет: ONLY FOOLS AND HORSES, BBC|1981-1991 Нед Јун 28, 2009 11:13 am | |
| СПЛЕТКИ - ONLY FOOLS AND HORSES1. сезона - 7 епизоди2. сезона - 8 епизоди3. сезона - 8 епизоди4. сезона - 8 епизоди5. сезона - 9 епизоди 6. сезона - 8 епизоди 7. сезона - 10 епизоди8. сезона - 3 епизоди9. сезона - 3 епиздоиСплетки (англиски: Only Fools and Horses) е насловот на повеќегодишната и популарна британска телевизиска хумористична серија напишана од Џон Саливен, и емитувана на BBC. Седум сезони се емитувани помеѓу 1981 и 1991, а со повремени Божиќни специјални епизоди серијата трае до 2003. Насловот на серијата е заснован на старата англиска поговорка "Only fools and horses work (for a living)" ("Само будалите и коњите работат за живот"), што е референца за избегнувањето на работата и данокот од страна на главните ликови. Насловната песна ја напишал и отпеал Џон Саливен. Во првата епизода е користена друга песна, но таа е заменета за да им се помогне на гледачите да го сфатат насловот на серијата. Дејството е сместено во Пекам, Лондон. Главните улоги ги имаат Дејвид Џејсон како амбициозниот трговец Дерек "Дел Бој" Тротер, Николас Линдхерст како неговиот помлад брат Родни и Ленард Пирс како нивниот дедо во поодминати години (и подоцна Бастер Мерифилд како чичко Алберт). Во серијата има и повеќе одлични споредни улоги. Серијата го прикажува животот на браќата, со сите незгоди и успеси, особено нивните обиди да станат богати. Серијата ја има накленоста како на јавноста, така и на критиката. Освоила повеќе награди, вклучувајќи признание од Британската академија, Национална телевизиска награда и Кралското телевизиско друштво, а истотака им помогнала на Саливен и Џејсон да освојат многубројни индивидуални признанија. На врвот на својата популарност, серијата имала 20 милиони гледачи само во Велика Британија. Избрана е за најдобра британска хумористична серија во една анкета на BBC во 2004. Исто така, имала влијание и на британската култура, придонесувајќи со неколку зборови во англискиот јазик и придонела во популаризацијата на комбето Reliant Regal. Повеќе производи произлегле од неа - книги, ДВД-а, играчки и друштвени игри. Наследникот на оваа серија е Зелената зелена трева ( The Green Green Grass) и се емитува на BBC One. Улоги: Дејвид Џејсон, Николас Линдхерст, Ленард Пирс, Бастер Мерифилд, Роџер Лојд-Пак, Џон Чалис, Пол Барбер, Теса Пик-Џоунс, Гвинет Стронг, Патрик Мари |
|
*JaNa* Член
Zodiac : Број на мислења : 276 Birthday : 1995-04-09 Age : 29 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: ONLY FOOLS AND HORSES, BBC|1981-1991 Пон Јун 29, 2009 12:03 pm | |
| Lele epten e jaka serijava gledam na K-15 i OBN koga ke stignam i stvarno mn e dobra! | |
|
Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| Предмет: Re: ONLY FOOLS AND HORSES, BBC|1981-1991 Вто Јун 30, 2009 5:52 pm | |
| Ја даваа порано и на друга ТВ само не ми текнува која. =)) Родни рулз. | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: ONLY FOOLS AND HORSES, BBC|1981-1991 | |
| |
|