Гостин Гостин
| | "My name is Earl" повеќе нема да се снима | |
Гласноговорникот на студиото "Twentieth Century Fox" потврди дека серијата "My name is Earl", по четири сезони, повеќе нема да се снима. Минатиот месец оваа серија ја откажа телевизиската куќа NBC, но сите се надеваа дека можеби некоја друга телевизија ќе го преземе шоуто. Сепак, претставник од студиото изјави дека од сето тоа сепак нема да биде ништо: "Иако се надевавме дека ќе најдеме начин за да продолжиме со снимање на серијата, конечната анализа покажа дека со сретствата со кои располагаме не би можеле да продолжиме со снимањето, а при тоа серијата да не изгуби на квалитет." |
|