Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeНаесен - дигитална телевизија Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Наесен - дигитална телевизија

Go down 
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Наесен - дигитална телевизија Empty
20090627
ПишувањеНаесен - дигитална телевизија


Наесен - дигитална телевизија 9261A6E6B6CADC47BE1F74D128BDA036

Сите домаќинства бесплатно ќе добијат уред за прием на дигиталниот ТВ-сигнал, домашните телевизии ќе се емитуваат без надоместок, а месечната претплата за странските телевизии ќе биде околу 500 денари.

Телеком Словенија од септември на македонскиот пазар почнува со услугата дигитална телевизија. Словенечката компанија ја доби лиценцата за пренос на услугата дигитална телевизија од претседателот на Агенцијата за електронски комуникации Петар Ивановски.

Според директорот Предраг Чемерикиќ, покрај 301.000 евра, колку што платиле за лиценцата со времетраење од 10 години, Телеком Словенија во наредните три месеци ќе инвестира повеќе од 30 милиони евра. За стартот на дигиталната телевизија во најголем дел ќе се користи инфраструктурата на мобилниот оператор „Космофон“, чиј сопственик од неодамна е словенечкиот оператор. Телеком Словенија е подготвен да ги финансира сите приемнички уреди за користење на услугата за целото население во Македонија. Во зависност од бројот на домаќинствата заинтересирани за услугата, максималната инвестиција на словенечкиот инвеститор би била околу 90 милиони евра.

- Должни сме да ги пренесуваме сите македонски национални терестријални(земски) телевизии. Од економски причини, за да ги покриеме инвестициските трошоци, ќе се пренесуваат и квалитетни странски содржини, преведени на македонски со одобрение од Советот за радиодифузија - рече Чемерикиќ и додаде дека месечната претплата за странските програми ќе биде 423 денари плус данокот на додадена вредност, а домашните нешифрирани канали ќе се гледаат како и досега бесплатно.Според Чемерикиќ, Телеком Словенија ќе нуди недискриминаторски услуги за сите постојни учесници во радиодифузниот пазар.

- Нема да градиме телевизиска куќа за пренос на програма, туку мрежа за пренос на постојните медиуми, кои имаат национална лиценца во Македонија - нагласи Чемерикиќ.Претседателот на АЕК, Петар Ивановски,истакна дека со доделувањето на лиценцата почнува дигитализацијата во македонската радиодифузија, а граѓаните ќе имаат можност да ги следат телевизиските програми со многу подобар квалитет.

- Од Телеком Словенија се очекува да го реализира тоа што го понуди, а ние ќе го следиме нејзиното работење и ќе обезбедиме навремена и квалитетна поддршка - рече Ивановски.

Коментирајќи ги најавите од Центарот за развој на медиумите за оспорување на тендерот, Ивановски рече дека АЕК легално ја спровела постапката за избор на понудувач за дигитална телевизија во Македонија.

- Согласно Правилникот и Законот АЕК распиша платформа врз основа на која ќе се пренесуваат телевизиски канали, а таа платформа може да ја сметате исто како кабелска, односно само радио платформа. Во согласност со Планот за распределба на радиофреквенции, фреквенциите 470862 покрај за радиодифузна дејност се доделени и за ваков вид пренос на услуги, односно за дигитална телевизија - објасни Ивановски.

Транзицискиот период за премин од аналогна во дигитална телевизија за земјите членки на ЕУ е 2012 година, а за Македонија 2015 година. Основната предност на дигиталната дејност е емитување поголем број ТВ-канали со иста искористеност на фреквенцијата. Дигиталниот систем обезбедува висококвалитетна слика и напреден повеќенаменски тон. За прием на дигиталната телевизија населението мора да поседува конверторска опрема или современ ТВ-приемник со вграден тјунер.

Македонија има одобрение за 9 мултиплекс радиофреквенциски канали за пренос на дигитални телевизиски сервиси. Државата засега ќе искористи само три. Од нив, според програмата за дигитализација на земската телевизија, еден мултиплекс канал ќе добие јавното претпријатие „Македонска радиодифузија“, а другите ќе се распределат на конкурс.

Извор
Вратете се на почетокот Go down
Share this post on: reddit

Наесен - дигитална телевизија :: Comments

No Comment.
 

Наесен - дигитална телевизија

Вратете се на почетокот 

Страна 1 of 1

 Similar topics

-

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Забава :: АРХИВА :: Портал новости-
Отиди до: