Losteech Модератор
Zodiac : Број на мислења : 2191 Birthday : 1993-11-05 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2008-12-21
| | The Dark Knight - победник на Сатурн наградите! | |
„Темниот витез“ е најдобриот филм, а „Изгубени“ - најдобрата серија според комисијата на триесет и петтите по ред САТУРН награди, кои се одржаа вчера вечерта во Лос Анџелес, Калифорнија.Убедливо најголемиот светски филмски блокбастер на деценијава, The Dark Knight доби пет награди, вклучувајќи ја во нив најважната за најдобар акционен/трилер/авантуристички филм. Покрај оваа, филмот доби награди и во категориите за најдобри специјални ефекти, најдобра музика (искомпонирана од Ханс Зимер и Џејмс Њутон Хауард), најдобро сценарио (Кристофер Нолан и Џонатан Нолан), додека пак на Хит Леџер постхумно му беше доделена наградата за најдобар спореден актер.
Кога веќе сме на тема филмови, важно е да се спомене оти "The Curious Case of Benjamin Button" заедно со "Iron Man" беа исто така добитници на три награди, две помалку од Витезот.
Во поглед на сериите, „Борбена Ѕвезда: Галактика“ беше хит на вечерта откако доби три статуетки, во категориите за: најдобра серија на кабелска телевизија, најдобар актер (Едвард Џејмс Олмос) и актерка (Мери Мекдонел). Од друга страна, „Изгубени“ ја примија наградата за најдобра серија која се прикажува на една од петте главни ТВ мрежи во САД (ABC, NBC, CBS, Fox, The CW) која му беше врачена на Џ.Џ. Абрамс - еден од креаторите на хит-серијата и режисер на најновиот Star Trek филм.Комплетната листа на награди можете да ја видите тука. | |
|