Оваа вест ќе ги израдува љубителите на анимираните филмови. Студиото DreamWorks ги објави своите планови до 2012 година - овие четири години ќе бидат издадени осум нови анимирани филмови.
Оние кои уживаа во досегашната работа на DreamWorks ќе уживаат во продолженијата на
Шрек - 'Shrek Forever After' (премиерата е закажана за
21.05.2010), па '
Kung Fu Panda: The Kaboom of Doom' (
03.6.2011) со нова режисерка, Jennifer Yuh Nelson, но веќе познатата екипа и тоа, Jack Black, Dustin Hoffman, Angelina Jolie... Следува '
Madagascar 3' (
25.05.2012) којшто овој пат ги сместува своите јунаци во Европа и тоа во склоп на патувачки циркус.
Во однос на она што е ново, тука е анимираниот филм за мачорот во чизми. Јунакот од истоимената приказна на браќата Грим кој веќе го видовме во "Шрек", одлично беше прифатен од страна на публиката па токму заради тоа DreamWorks заклучија дека заслужи филм во кој би ја имал главната улога. Премиерата на приказната за мачорот (гласот и тука ќе го позајми Antonio Banderas) и неговата пријателка Кити (Salma Hayek) кои планираат да ја украдат гуската која несе златни јајца можеме да ја очекуваме на 30.3.2012.
Премиерата на '
The Guardians' во режија на Jeff Lynch (The Simpsons, Futurama) е закажана за
04.11.2011, а '
How to Train Your Dragon' и приказната за змејовите ќе го видиме на
26.03.2010. '
Oobermind' (
05.11.2010) пак на сцената го носи супер-негативецот кој сфаќа дека животот му е досаден откако ќе го убие својот соперник. Сите филмови ќе бидат снимени во 3D-технологија и ќе бидат одлична забава буквално за сите!