Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.



 
HomeПред дождот | 1994 Facebo10Latest imagesБарајРегистрирајте сеВлез

 

 Пред дождот | 1994

Go down 
3 posters
АвторПорака
Гостин
Гостин
avatar



Пред дождот | 1994 Empty
ПишувањеПредмет: Пред дождот | 1994   Пред дождот | 1994 I_icon_minitimeЧет Јун 25, 2009 4:10 pm

ПРЕД ДОЖДОТ
Пред дождот | 1994 O593wo
Пред дождот е македонски филм од 1994 година, режиран од Милчо Манчевски. Овој филм во 1994 година беше номиниран за филмската награда Оскар. Филмското дејство на „Пред дождот“ поседува сопствена консеквентно спроведена драматуршка логика и од неа, всушност, и извира оној недвосмислен квалитет и шарм на ова остварување. Филмот е во времетрање од 119 минути и е снимен во вајдскрин техника, со звук, во боја и 35 мм.
СОДРЖИНА
Во својата филмска нарација, филмот содржи три целини поврзани меѓу себе. Тие се насловени како „Зборови“, „Лица“ и „Слики“.

ЗБОРОВИ
Дејството во „Зборови“ се случува во древен машки манастир некаде во Македонија. Младиот монах Кирил, заветен на молчење, во својата таванска ќелија ја наоѓа Замира, Албанка, девојка која повеќе наликува на дете. Тој не разбира албански, но нема дилема дека таа тука бара засолниште од некакво зло. Го премолчува нејзиното присуство во манастирот дури и тогаш кога вооружените селани ја бараат за да и судат за убиството на еден соселанец. Исплашен е кога тие го пребаруваат манастирот и е вистински среќен кога не ја наоѓаат. Постарите монаси го забележуваат неговиот молчалив страв. Длабоко во ноќта влегуваат во ќелијата на Кирил и ја наоѓаат девојката. Казната за монахот е заминување од манастирот. Под закрилата на ноќта, минувајќи покрај пијаната селска стража, Кирил и Замира ја напуштаат сигурноста на манастирските ѕидини. Веќе е ден, тие минуваат низ каменест планински предел. Кирил, исполнет со грижа и љубов кон девојката, и ветува сигурност некаде далеку од селото и планината. Таа не го разбира неговиот говор, но ја разбира неговата љубов. Бакнежот врз нејзиното лице и нејзините раце кои бараат спас околу неговото тело, се единствениот физички контакт меѓу нив. Но тука, веднаш до нив, се нејзините роднини и соселани. Нејзиниот дедо со строгост на племенски старешина ја враќа во реалноста. Таа се обидува да објасни дека Кирил и помогнал, дека ја спасил и дека ја сака. Дедото со својот неумолив авторитет го брка Кирил. Тој колебливо тргнува. Крикот на Замира по него го враќа. Таа трча кон него. Нејзиниот брат пука. Предрасудите не оставаат можност за поинаков крај. Кирил е покрај Замира, а таа гледајќи во него умира.

ЛИЦА
во вториот дел од филмот „Пред дождот“ се случуваат во еден наполно поинаков свет, динамичен, современ, урбан Лондон. Во светски познатата фотографска агенција работи лауреатот на Пулицеровата награда, Македонецот Александар Кирков, одамна заминат од татковината. Тукушто вратен од боиштето во Босна каде што фотографирал убиство, чин кој според него го прави соучесник во трагичниот настан, Александар одлучува да се врати во Македонија. Меѓу него и Ен, младата жена која работи во истата агенција се случува страсна љубовна приказна. Александар ја повикува да замине со него. Додека Ен се бори со својата дилема дали да ја остави извесноста во која живее и да замине со Александар во непредвидлива иднина, во кафеаната каде што разговара со сопругот се случува инцидент со трагични последици. Во пресметката меѓу балканските емигранти, меѓу другите загинати е и нејзиниот сопруг.

СЛИКИ
Третиот дел од филмот, се случува во Македонија. Александар се враќа дома, во родниот крај, барајќи засолниште во долго сонуваниот мир на својот роден крај и не помислувајќи дека тука се води една поинаква, но не помалку беспоштедна војна. Пределите на неговиот роден крај се исти, но односите меѓу луѓето се драстично променети. Во крајот каде што живеат два различни народа, со различни верски припадности, односите се крајно поларизирани. Меѓу нив владее недоверба, искрата на можниот судир се чувствува во воздухот. Вооружени луѓе се сретнуваат насекаде, стравот се вгнездил во душите. Роднините на Александар го примаат со радост, но и со чудење. Неговата родна куќа е руинирана. Искрен во намерите и чесен во постапките кон луѓето, Александар ги посетува пријателите во соседното албанско село, сака да ја види некогашната соученичка Хана, кон која во момчешките години негувал нежни чувства. Таа сега е вдовица и мајка на две деца, син и ќерката Замира. Сè уште неадаптиран кон атмосферата што натежнала врз луѓето, Александар се ангажира во спасувањето на Замира која е затворена во бачилото под обвинение за убиство на еден негов роднина. Тој, без страв од вооружените соселани, ја изнесува девојката од бачилото. Неговиот братучед, соочен со сопствената немоќ пред супериорноста на Александар, пука по него. Животот на Александар завршува во пределите каде што израснал и од рацете на луѓето по кои копнеел.

ЛИКОВИ:Кетрин Картлиџ,Раде Шербеџија,Грегоар Колен,Лабина Митевска,Силвија Стојановска,Фајлида Ло,Владимир Јачев и др.
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Пред дождот | 1994 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пред дождот | 1994   Пред дождот | 1994 I_icon_minitimeСаб Јун 27, 2009 11:29 pm

Навистина сакам да го гледам филмот, во понеделник ќе одам во видеотека да побарам дали го има, ако не во среда зш почнува нов месец фиксно ќе го симнам, морам да го имам во мојата колекција Пред дождот | 1994 433111
Вратете се на почетокот Go down
solange
Топ постер
Топ постер
solange


Male Број на мислења : 4033
Registration date : 2008-08-19

Пред дождот | 1994 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пред дождот | 1994   Пред дождот | 1994 I_icon_minitimeНед Јун 28, 2009 12:59 am

Морам да го гледам филмов Пред дождот | 1994 598260
Вратете се на почетокот Go down
igorao85
Успешен Член
Успешен Член
igorao85


Male Zodiac : Taurus Број на мислења : 616
Birthday : 1985-05-14
Age : 38
Registration date : 2010-02-28

Пред дождот | 1994 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пред дождот | 1994   Пред дождот | 1994 I_icon_minitimeВто Јун 29, 2010 1:05 am

Милчо Манчевски еднаш рече - штом овој филм не доби оскар тешко дека некој друг мој филм ќе го добие.Супер филмче, колку ми е само криво што не го доби тој толку посакуван оскар. А велат се е политика на американската академија, но како и да е сепак останува наш планетрано познат филм, филм по кој не препознаваат а и никој го нема повторено неговиот успех
Вратете се на почетокот Go down
Bobi
Супер Модератор
Супер Модератор
Bobi


Male Zodiac : Pisces Број на мислења : 11860
Birthday : 1987-02-20
Age : 37
Registration date : 2008-08-11

Пред дождот | 1994 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пред дождот | 1994   Пред дождот | 1994 I_icon_minitimeВто Јун 29, 2010 2:50 am

igorao85 напиша:
Милчо Манчевски еднаш рече - штом овој филм не доби оскар тешко дека некој друг мој филм ќе го добие.Супер филмче, колку ми е само криво што не го доби тој толку посакуван оскар. А велат се е политика на американската академија, но како и да е сепак останува наш планетрано познат филм, филм по кој не препознаваат а и никој го нема повторено неговиот успех

Го изгледав јас уште многу одамна, и можам да кажам дека си вредеше за тој примат. Но, мислам дека според мене „Сенки“ е доста подобар филм, филмот ме остави баш без зборови откако го изгледав. Пред дождот | 1994 586438
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Пред дождот | 1994 Empty
ПишувањеПредмет: Re: Пред дождот | 1994   Пред дождот | 1994 I_icon_minitime

Вратете се на почетокот Go down
 
Пред дождот | 1994
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» KASSANDRA, RCTV|1994
» MARIMAR, Televisa|1994

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
 :: Филм :: Македонски Филмови-
Отиди до: