Никој не веруваше во нив...освен ТОЈ. "
The Ron Clark Story", или на македонски „Приказната за Рон Кларк“, е филм кој е инспириран од вистинска приказна на наставник кој ќе се најде среде хаосот во едно Њујоршко училиште, каде што животот на децата е повеќе од мизерен.
Се работи за драма со примеси на биографија, премиерно прикажана на 13. август на американската телевизиска мрежа HBO, и на која малкумина можат да и останат рамнодушни. Темата е доста комплексна бидејќи тоа што се обработува во филмот е дел и од нашето секојдневие. Учителот Кларк (чија улога ја игра Метју Пери т.е. Чендлер од „Пријатели“) има за задача да воведе дисциплина во клас кој со години не може да го положи завршниот тест и притоа истовремено да успее да ги подготви за истиот! Морам да додадам дека Пери глуми фантастично и се чини дека ваквите улоги му прилегаат. Сценариото е исто така супер осмислено, а како доказ за ова е и номинацијата за Златен Глобус во 2007мата година.
Погледнете го филмов мене навистина ми остави голем впечаток!!!
П.С. Го гледав до пред некои 20 минути на Алфа...не сакајќи го затекнав и мило ми е што не спиев заради него!