Малце чуден пар според мене со оглед дека физички некако не одговараат, а воедно Гир и Винона не ми се ни приближно во омилените актерски имиња.
Меѓутоа тоа што го направи филмов за мене трогателна класика беше содржината и емоцијата која владееше. Го имам гледано одмана во кино, потоа и на телевизија, на Алфа редовно оди, ми се допаѓа, иако на детали не се сеќавам.
Во секој случај, тажен тажен крај - сакам да се соживувам со филмските содржини, особено оние на драмите и хорорите, па ќе кажам дека овој филм ме погоди и имам плачено.
Иначе Боби, друг пат, пишувај КРАТКА СОДРЖИНА, садржај е српски збор