|
|
| COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 | |
| | Автор | Порака |
---|
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Саб Мај 09, 2009 6:03 pm | |
| Смарагдниот ѓердан е аргентинска теленовела каде Карина Зампини и Освалдо Лапорт ги толкуваат главните улоги, кои заедно настапуваа и во серијата Профа. Воедно насловната песна "Te tendo que encontrar" ја изведува Освалдо Лаопорт. Оваа серија и покрај интересната традиционална приказна и одличната актерска екипа, покажа доста слаби рејтинзи во Аргентина, пред се заради лошиот термин кој и беше даден на новелата. СМАРАГДНИОТ ЃЕРДАН - COLLAR DE ESMERALDASГодина на прикажување во Аргентина: 2006Продукциски куќи: Yair Dori Communications, Ideas de Sur, Central PartnershipEпизоди: 150Мартин Ривера е доста познат архитект, кој има живеено во странство некое време. Неговиот татко Алфредо кој бил сопственик на прочуена градежна компанија умрел под мистериозни околности. Штом Мартин дознава дека неговата мајка е болна, се враќа во Аргентина, несвесен дека неговиот живот целосно ќе се промени. Од друга страна, Ромина е млада девојка која живее во беда и сиромаштија откако нејзиниот татко, кој воедно бил асистент на Алфредо, ја изгубил работата. Ромина единствено се согласува со нејзиниот татко, затоа што брат и и сестра и се занимаваат со неморални активности, тој се знаимава со нечисти зделки, а таа е танчерка во некој ноќен бар. Со сите сили и способности, Ромина и нејзиниот татко се обидуваат ден за ден да преживеат, иако знаат дека во нивна сопственост моментално е едно непроценливо богатство. Се работи за ѓердан од смарагди, зеленосветкави преубави камења, кој им го дал дон Алфредо Ривера на смртната постела. Но во моментот кога ќе решат да го продадат ѓерданот за да изнајдат средства за живот, таткото на Ромина е брутално убиен. Ѓерданот е украден, а за убиството е обвинет Мартин, кој го држел пиштолот во рака кога дошка Ромина на местото на злосторството. Ромина и Мартин ја имаат привилегијата да се запознаат и да сфатат дека се привлекуваат, но во почетокот Ромина не сака да има ништо со било кој од семсјтвото Ривера кои ги обвинува за тешкотијата и бедата во која живеела со татко и. Ромина постепено сфаќа дека Мартин не може да биде убиецот на нејзиниот татко, а тој со сите сили и го докажува упорно тоа. Мартин лудо се вљубува во Ромина, незнаејќи дека тоа ќе предизвика взаемна болка и за двајцата. Тоа што ни Ромина, ни Мартин не го знаат е дека нивните татковци се убиени од ист човек - вујкото на Мартин - Виктор. Виктор сега станува сопственик на конструктивната компанија Ривера и ќе прави се што е во негова моќ за да го уништи Мартин, чие враќање во Аргентина ги попречи неговите пакосни и злонамерни планови. Колку повеќе се приближуваат еден до друг, и Ромина и Мартин стануваат неспособни да и се спротистават на љубовта и она што цврсто ќе ги врзува и покрај љубовта, ќе биде неуморната желба да се открие вистината околу смртта на нивните татковци и моќта на смарагдниот ѓердан. Улоги: Освалдо Лапорт, Карина Зампини, Силвија Монтанари, Артуро Бонин, Лидија Ламаисон, Пепе Монхе, Норберто Диаз, Жан Пјер Ноер, Паула Серо, Серхио Сурако | |
| | | *JaNa* Член
Zodiac : Број на мислења : 276 Birthday : 1995-04-09 Age : 29 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Нед Мај 10, 2009 6:30 pm | |
| Штом е со Карина Зампини , Артуро Бонин и Норберто Диаз , не се сомневам дека е добра! | |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Нед Мај 10, 2009 7:59 pm | |
| Баш така, иако тука би го ставила и Лапорт кој се смета за еден од најдобрите аргентински глумци. И плус позгоден ми е на сликава со залижана коса. Серијава е попладневна драма, такви мислам дека не сум гледала воопшто од Аргентина, али во секој случај Аргентина си е Аргентина и нема утка. Може била малце допсадна и бледа како Луда месечина да речеме , но да ја гледав, би ми се допаднала. Иначе мислам дека само во Словенија се има давано серијава | |
| | | Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Нед Мај 10, 2009 9:07 pm | |
| - Beauty напиша:
- Баш така, иако тука би го ставила и Лапорт кој се смета за еден од најдобрите аргентински глумци. И плус позгоден ми е на сликава со залижана коса.
Серијава е попладневна драма, такви мислам дека не сум гледала воопшто од Аргентина, али во секој случај Аргентина си е Аргентина и нема утка. Може била малце допсадна и бледа како Луда месечина да речеме , но да ја гледав, би ми се допаднала. Иначе мислам дека само во Словенија се има давано серијава Во Бугарија само се има прикажувано од Балканот, во Словенија ја немат давано. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Пон Jул 13, 2009 12:12 am | |
| Оваа Карина беше онаа од Профа ако не грешам? Интересена глумица,и актерската екипа е супер,сепак повеќе преферирам аргентински тин-серии,ама добро би било да се погледне серијава... |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Пон Jул 13, 2009 12:18 am | |
| Јас преферирам аргентински драми. Да, Карина Зампини е таа актерка од Профа, тие што гледаат Машка чест, знаат дека и таму глуми. | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Пон Jул 13, 2009 12:20 am | |
| |
| | | Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Пон Jул 13, 2009 12:22 am | |
| Да де, Ева , да, таа е. А глумеше и во мојата омилена новела Богати и славни, ако си ја гледала, таму ја глумеше дадилката Карла - платен убиец | |
| | | Гостин Гостин
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Пон Jул 13, 2009 12:24 am | |
| Ја има гледано Богати и Славни ама ретко на нешто се сеќавам -тогаш сум била мн мала-знам деа цела фамилија се собиравме да ја гледаме,та и баба ми-бог да ја прости омилена и беше,али не нема шанси да се сетам. |
| | | Mimi Нов Член
Zodiac : Број на мислења : 135 Birthday : 1987-04-07 Age : 37 Registration date : 2009-01-10
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 Сре Jул 15, 2009 2:40 pm | |
| Оваа серија беше прекината во Аргентина поради слабиот рејтинг. | |
| | | Sponsored content
| Предмет: Re: COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 | |
| |
| | | | COLLAR DE ESMERALDAS, Dori Media|2006 | |
|
Similar topics | |
|
| Permissions in this forum: | Не можете да одговарате на темите во форумот
| |
| |
| |
|