Серијата
Заливот Акапулко е резултат на соработка меѓу Televisa и FOX Television, а воедно претставува англиска верзија на мексиканските теленовели
"Tu o nadie" (1985) и "Acapulco, Cuerpo y Alma"(1995). Режирана е од Tom Sizemore.Заливот Акапулко се емитуваше меѓу првите теленовели и во нашата земја.ЗАЛИВОТ АКАПУЛКО - ACAPULCO BAYГодина на прикажување во Мексико: 1995Епизоди: 120 Ракел е млада и убава девојка која живее во Сан Антонио во скромен стан заедно со нејзината сестра Марни и таткото пијаница Питер. Таа е во врска со згодниот Макс, кој и се претставува како Тони Стокдеил, неговиот богат полубрат кој живее во луксузна вила во Акапулко и кој нема појма што прави неговиот полубрат во Сан Антонио. Ракел се мажи со Макс, убедена дека тој е некој си Тони, а пак Макс го прави тоа со цел да го намести својот полубрат Тони кого го мрази затоа што му завидува. Макс е син на Викторија која се омажила со таткото на Тони, така да всушност Тони и Макс не се браќа, туку деца од првите бракови. Од големата омраза кон братот, Макс го саботира авионот во кој патува Тони, така Тони доживува авионска несреќа, но останува жив и ја губи меморијата.
Така во лага живее Ракел во Сан Антопнио, а Макс ја лаже дека еден ден ќе ја земе во неговата вила во Акапулко. Но, Ракел дознава за неговата измама, дознава дека Тони е неговиот брат и дека таа всушност е мажена за Тони, човек кого не го ни познава. Ракел сака да оди во Акапулко и да ја открие Максовата измама, но тој ја спречува откако ќе направи одлична стратегија. Макс ја мести Марни, сестрата на Ракел дека згазила и убила некој човек со колата и ја уценува Ракел дека ако му каже на Тони, нејзината сестра ќе заврши во затвор.
Ракел и Марни мораат да го прифатат планот на Макс и да ги слушаат неговите наредби. Тој ги тера да одат во богатата вила во Акапулко и Ракел да се претстави како жената на Тони, покажувајќи го документот од венчавката. Никој не може да поверува дека Тони тајно се оженил, а тој поради губитокот на меморијата, не се сеќава на Ракел. Ракел и нејзиното семејство ќе дојдат да живеат во таа куќа, но не се добро пречекани од семејството на Тони. Единствена личност која ги прифаќа е Викторија, мајката на Макс која подеднакво ги сака и Макс и Тони.
Сите во семејството ја сметаат Ракел за натрапничка, но и нејзе не и лесно, Приморана е да ја дели собата со човек кој го лаже дека и е маж само за да ја спаси својата сестра од затвор. Преку Ракел, Макс сака да манипулира со Тони и ги тера Ракел, Марни и Питер да работат за него против Тони. Така, Ракел започнува да живее тежок живот во вилата, лажејќи ги сите дека е мажена со Тони, кој започнува вистински да ја засакува неговата наводна сопруга. Но, постепено Ракел сфаќа дека и таа се вљубува во Тони и дека тој е нејзината вистинска љубов, па решава да му ја признае целата вистина по цена и да го изгуби. Тони не може да поверува дека жената која ја засакал го мамела цело време, но таа му признава дека тоа го правела за Макс да не и го повреди семејството.
Тони сака да се соочи со Макс, но Макс повторно го победува и е спремен да му ги земе и жената и богатството. Му поставува уште една авионска несреќа и овој пат авионот паѓана пуст остров каде Тони мора да се бори да преживее и да се врати во Акапулко да му се одмазди на Макс и да и прости на Ракел.
Од друга страна, сите во Акапулко мислат дека Тони е мртов и го оплакуваат. Ракел жали што го лажела Тони, но единствена утеха од помислата дека е мртов човекот кој го сакала и претставува веста дека чека негово дете.
Ракел ја превзема постепено улогата на газдарица во куќата и им го покажува правото место на Макс и на сите што и правеа сплетки за не и успее бракот со Тони.
Улоги: Raquel Gardner, Tony Newman, Jason Adams, Maree Cheatham, Michael Colo, John Andrew Ryan,
Jasper Cole, Daniel Martinez, Michael Sottile