| DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 | |
|
+5iva_macedonia nightspy Posh Girl Beauty Bobi 9 posters |
Автор | Порака |
---|
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Ное 23, 2008 3:55 am | |
| Интересно: Кога Телемундо за прв пат ја претстави теленовелата во месец мај 2006 година, во актерската екипа беа вклучени Маурисио Окман во улогата на Брус, Зарик Леон во улогата на Саманта и Ерик Елиас во улогата на Анхел. И трите актери всушност беа во други продукции на Телемундо. Окман ја доби главната улога во "Марина", Леон ја глумеше Илуминада Урбина во "Вдовицата во Бело", а Елиас и се придружи на актерската екипа на новелата "Зоро". СЛАТКА ТАЈНА - DAME CHOCOLATEЗемја на потекло: САДПериод на прикажување: 5 Март 2007 - 5 Октомври 2007Eпизоди: 150 Синопсис:Росита Амадо е младо девојче, добродушно и интелигентно. Но како сите што знаеме, не постојат секогаш идеални луѓе. Таа не е идеална и има еден “мал” дефект, кој и го бележи животот и судбината. Росита е родена во Чинчес Браво, мал град на полуостровот Јукатан. Мајка и умира при раѓањето, а татко и исчезнува, бидејќи не сака да си ја превземе одговорноста. Таа е одгледана од својата баба Дулсе, тетка и Ортенсија, чичко и Диосдадо и нејзината братучедка Асусена. Хуан Амадо, дедото на Росита, е исполнет со болка, заради смртта на својата ќерка. Тој се преместува во САД, за да се обиди да ја заборави маката, да го обнови својот живот и да помогне на своето семејство во Мексико. Хуан Амадо и Росита имаат еднаков белег, кој ги прави како наследници на големата тајна на мајскиот бог Ек Чуа, голем херој и бог на чоколадото. Тоа ги претвара во единствени познавачи на тајната на правењето добра чоколада. Кога Хуан оди во САД, тој работи како градинар во домот на Ен Ремингтон, богата актерка, либерална и вдовица. Двајцата се вљубуваат и се женат. Благодарение на техничките и волшебните познавања на Хуан за процесот на произведување чоколадо, тој создава фабрика, која ги спасува Ремингтонови од банкрот. После смртта на Ен, Хуан го наследува богатството, кое сам го спасил, и ќерка си Грејс Ремингтон, која отсекогаш го мразела. Таа се мажи многу млада, за да се оттргне од него, но бракот и се расипува и таа останува со малото дете Брус Ремингтон. Кога Хуан започнува да чувствува дека крајот му се ближи, тој ја запишува Росита како негова единствена наследничка и сака да му биде исполнета последната волја. Тоа ја разбеснува Грејс, која не е подготвена да го дели богатството со никого. Всушност, пред својата смрт, Хуан пристигнува во Чинчес Бравес за да и ги предаде на својата внука лекциите за подготвувањето на чоколадо. Го придружува и Брус, кој прави се што е можно да ја научи тајната на семејството Амадо. При првата средба на Брус и Росита, Брус е исплашен од нејзиното лице, а таа е поразена од неговата убавина. Со текот на времето всушност Брус ја открива нејзината вистинска убавина – добрината. Хуан се враќа повторно во САД но за не долго време тој умира. Кога Росита дознава за смртта на својот дедо, таа е потресена, но исто така знае, дека треба да му ја исполни последната желба, како што таа ветила. Росита пристигнува во САД и започнува да работи во фабрика за чоколадо. Не минува многу време и таа чувствува дека е лудо вљубена во Брус, но тој не и го посветува истото. И покрај тоа решен на се за да ја дознае тајната, се претставува дека е вљубен во неа. Таа му открива се и започнува да крои планови за идниот заеднички живот, но Брус ја остава, но веднаш после тоа си дава сметка, дека започнува да чувствува нешто кон неа, нешто силно, наречено љубов. Со скршено срце и без дом, Росита се согласува да се пријави во реално шоу, во кое се променува надворешниот изглед на кандидатките. После некое време таа се враќа со ново лице и под ново име – Виолета Ортадо. Таа ќе им се одмазди на сите, кои ја повредиле и и го претвориле животот во мака. Но ќе треба да се справи и пред тешка одлука – љубовта или омразата. Со враќањето, Росита го сложува почетокот на една приказна за интриги, трансформации, илузии, одмазди, љубов, разочарувања, и многу, многу чоколадо... Улоги: Карлос Понсе, Генесис Родригез, Марија Антониета де лас Ниевес, Кристина Лилеј, Маурисио Окман, Котан Фернандес, Карла Монтро, Габриел Порас, Едуардо Серано.
Последната промена е направена од NateArchibald на Вто Окт 27, 2009 8:51 pm. Мислењето е променето 2 пати. | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Ное 23, 2008 4:00 am | |
| Ау, содржината не ми се допаѓа мене нешто посебно, можеби е интересно со чоколадово, али не ме "пали" содржинава многу многу карлос понче ми е срце, мн си го сакам, уште од времето на Скриени страсти колку само убав пар ми беа со Софија во таа серија тука што знам, тој е Брус, така? не знам, не сум имала никогаш желба за серијава, едиснтвено ради Понче малце ме привлекува | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Ное 23, 2008 4:12 am | |
| Да, Карлос Понсе е Брус. А и јас не сум загреан за серијава, не ме привлекува... само едно што знам е дека во Бугарија има катастрофален рејтинг | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Ное 23, 2008 4:15 am | |
| Стварно? па , ете, веќе научивме уште од негледано да кажеме какава е и каков и е рејтингот реков, сакам само карлос Понс пак да го видам во серија, само не во оваа и речиси сум сигурна дека серијава нема да се дава кај нас, нема каде всушност и сите од Телемундо нема каде кај нас да се даваат | |
|
| |
Posh Girl Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 3132 Birthday : 1990-12-08 Age : 33 Registration date : 2008-08-19
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Ное 23, 2008 9:32 pm | |
| Jas pak bi sakala da ja gledam serijava poradi Genesis. Super bese vo Robinka pa bi sakala da znam kako glumi vo serijava. | |
|
| |
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Мар 22, 2009 12:51 am | |
| | |
|
| |
nightspy Член
Број на мислења : 197 Registration date : 2008-08-14
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Нед Мар 22, 2009 11:54 am | |
| Ги изгледаав првите две епизоди на нет и супер ми е серијата... Би сакал да ја гледам... | |
|
| |
Гостин Гостин
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Пет Јун 26, 2009 3:20 pm | |
| имам слушнто мн убави нешта за серијава и баш би сакала да ја погледнам насловот зву4и интересно ,синописот,актерите иако не би сакала генесис да игра тука оваа актерка едноставно ме тера да ја мразам |
|
| |
iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 30 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Пон Jул 27, 2009 12:13 am | |
| Игра на rtl секој работен ден во 13:15 | |
|
| |
rebelde_girl Член
Број на мислења : 329 Registration date : 2009-07-19
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Пон Aвг 10, 2009 11:04 pm | |
| da jas ja gledam koga mozam ne e nisto posebno no ne e ni losa | |
|
| |
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Aвг 20, 2009 12:34 am | |
| Гледам по некоја епизода од серијава на RTL и на моменти имам впечаток дека костимографијата и маската посебно на Росита се менува. Посебно со носот како од момент во момент да е различно направен. Исто така многу ми е смешно кога ги изговараат имињата на Брус и Грејс Ремингтон со некој чуден акцент | |
|
| |
rebelde_girl Член
Број на мислења : 329 Registration date : 2009-07-19
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Aвг 20, 2009 12:42 am | |
| мене Росита ми е мнгу чудна... вака бев кога ја видов...но сепак Génesis Rodríguez е убава | |
|
| |
iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 30 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Aвг 20, 2009 1:21 am | |
| Да бе стварно ептен грда ја направиле | |
|
| |
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Aвг 20, 2009 2:54 am | |
| Како бе луѓе имате РТЛ во другите градови, изгледа таму ни закон ни ништо не важи, се на диво е изгледа. Инаку зашто Скопје не би ја зела РТЛ како дел од кабловските, многу чудно... | |
|
| |
iva_macedonia Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1193 Birthday : 1994-07-26 Age : 30 Location : Пробиштип Registration date : 2009-03-11
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Aвг 20, 2009 3:28 am | |
| Јас ја гледам на сателитска...Таму ја има РТЛ | |
|
| |
rebelde_girl Член
Број на мислења : 329 Registration date : 2009-07-19
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Aвг 20, 2009 6:18 pm | |
| јас ја гледам на кабловска ... | |
|
| |
Pitt Топ постер
Број на мислења : 1074 Registration date : 2009-08-21
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Пон Aвг 24, 2009 1:29 pm | |
| Genesis уште еднаш докажа дека е одлична актерка,и ја смени претставената слика од страна на медиумите.Иако на моменти напорна,сепак интересна тв новела. | |
|
| |
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Сре Окт 07, 2009 11:18 pm | |
| И на Fox во 9 наутро има епизода ( не знам дали се работи за реприза и дали игра во некој друг термин). Во моментов Росита е повторно во компанијата и се претставува како Виолета и никој не ја препознава, а нема некоја голема промена направено за тоа. како Росита во почетокот како Виолета сега во серијата | |
|
| |
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| |
| |
Missy Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1186 Birthday : 1989-11-02 Age : 34 Registration date : 2009-07-28
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Окт 08, 2009 12:06 am | |
| Да ама во секој случај не е толкава промената за да не ја препознаваат. На пример во Лети или во Mi gorda Bella кога направија промена воопшто не се препознаваше дека се работи за иста глумица на примеп Лети со Аурора а овде е речиси иста | |
|
| |
rebelde_girl Член
Број на мислења : 329 Registration date : 2009-07-19
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 Чет Окт 08, 2009 6:14 pm | |
| да имаш прево но носот и е .... | |
|
| |
Sponsored content
| Предмет: Re: DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 | |
| |
|
| |
| DAME CHOCOLATE, Telemundo Studios|2007 | |
|