Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: GECE SESLERI, Koliba Film|2008 Сре Jул 14, 2010 10:10 pm | |
| По завршувањето на хит серијата "Ѓумуш", започнува нова турска серија во 26 епизоди. "Гласови во ноќта" од 22 јули на Сител телевизија во 19 часот. Гласови во ноќтаОваа серија е работена според романот на еден од најпознатите турски писатели, Аисе Кулин. Жената која го одгледала Јагиз како свој син, во смртна постела му открива тајна која е чувана веќе долго време. Откако Јагиз дознава за што се работи, тој и ветува дека ќе се одмазди. По нејзината смрт, ќе ја закопа во Бозова како што му било побарано од неа, и заминува од селото за да ја побара својата вистинска фамилија, како и објаснување за се она што не му е јасно. Во таа фамилија набрзо ќе се одржи венчавката на Надим. Членовите на фамилијата Ортачли сакаат што побрзо да го оженат Надим, за тој да може да донесе машко дете во фамилијата. Но, неговата желба е друга, тој сака да се ожени за Ренгигул, која веќе има 20 годишна ќерка по име Асли. Таа се противи на желбата на мајка и да стапи во брак, затоа што не сака да го промени својот живот со тоа што ќе замине од Истанбул. По некое време Асли и Ренгигул пристигнуваат во селото на фамилијата Ортачли, но во истиот момент забележуваат дека не се добредојдени во таа фамилија. За главата на фамилијата, Султан Наним, не е прифатливо таа да биде снаа во куќата. Јусуф, кој живее во истото село заедно со својата жена Сеида и ќерката Елван им приредуваат топло добредојде на Ренгигул и Асли во селото, без да внимаваат дека потоа може да имаат проблеми поради таа постапка. Сеихан, чии родители се блиски со фамилијата Ортачли, е заинтересиран за Асли. Недим ќе се омажи за Ренгигул и поркај сите противења од останатите во фамилијата. На венчавката се случува еден инцидент кој ја шокира целата фамилија. Јагиз пристигнува во селото на Ортакли со намера да ја пронајде својата вистинска мајка. Откако тие ќе го видат, Султан Наним ќе се загрижи поради тоа што помислува дека тој знае се, но потоа се смирува, лажејќи се себеси дека тој не ја знае тајната. Јагиз израснал во сиромаштија, опкружен со лаги. Откако ќе види како стојат работите во фамилијата, тој ќе се почувствува измамено и нема така лесно да го напушти селото. | |
|
LUNA Член
Број на мислења : 160 Location : Скопје Registration date : 2010-03-07
| Предмет: Re: GECE SESLERI, Koliba Film|2008 Вто Jул 20, 2010 2:27 am | |
| Оу шит уште едно турско срање (без навреда за љубителите на турски серии). Значи од таа проклета Шехерезад кога почна ни нема спас,таман си реков Ѓаволчето ќе почне по Ѓумуш - ете ти уште една турска,бог да чува. А зошто на рекламата таа што збори вика „нова турска *ХИТ* серија во 30 продолженија„ тоест 30 епизоди,а тука има напишано 26 епизоди? | |
|
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 34 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
| Предмет: Re: GECE SESLERI, Koliba Film|2008 Вто Jул 20, 2010 1:31 pm | |
| Па 26 ли да рече ? | |
|
AnDzII Член
Zodiac : Број на мислења : 286 Birthday : 1996-04-27 Age : 28 Location : somewhere over the rainbow..... Registration date : 2010-05-29
| Предмет: Re: GECE SESLERI, Koliba Film|2008 Пет Aвг 06, 2010 12:23 am | |
| како и секои турски глупости...нема да ја гледам | |
|
Sponsored content
| Предмет: Re: GECE SESLERI, Koliba Film|2008 | |
| |
|