Телепатијата е пренос на мисли, чувства од една личност (испраќачот) кон друга (примачот), без употреба на нормалните сетила. Комуникацијата се одвива само преку умот, испраќање и примање на мисли. Всушност, тоа е испраќање на емоционална, психичка и ментална енергија, односно нивна комбинација без физички контакт.
Видови телепатија
психичка телепатија
емоционална телепатија
метална телепатија
Сите имаат можност за телепатија, но потребно е огромна концентрација. За да се научи ова е потребно вежбање и пробување на телепатски вежби. Важно е да знаете како да го избистрите умот, да се концентрирате и да се фокусирате на одредена личност во моментот. Медитацијата може да помогне при фокусирањето. Телепатијата помеѓу членови на семејството може да доведе до поголем успех.
Вежба со бои
Земете 5 исти предмети, но со различна боја.
Бидете присутни овде, во моментот (психички!).
Фокусирајте се.
Осигурајте се дека сте навистина >сега< и >тука<.
Испразнете го умот од секакви мисли. Иако звучи едноставно сепак потребна е многу добра концетрација за да не мислите на ништо што би ви го одземало вниманието и би ве декоцентрирало.
Не мислете на други места и работи, не мислете на минатото, не мислете на иднината, не мислете воопшто.
Седнете со некоја друга личност.
Изберете кој ќе биде примачот, а кој испраќачот.
Испраќачот нека замисли една од боите на претходно спомнатите предмети..
Испраќачот треба силно се концентрира и да ја испрати пораката т.е мислата до примачот. Потребна е огромна концентрација и верба што не може да се оствари ако мислите на други работи или се сомневате во успешноста.
Примачот се обидува да се поврзе со умот на испраќачот, така што се концентрира силно на она што треба да му биде испратено.
Откако пораката е (можеби) пренесена, примачот на глас ја кажува бојата.
Доколку вежбата успее, може да си ги смените местата или да вежбате со други предмети, броеви, карти... во спротивно сконцентрирајте се подобро.