Престанете веќе со напади до А1. Ја претеравте. А1 си доби казна и толку. Срамота е вака. А1 воопшто не е политички настроена кон никоја политичка партија. Сетете се пред 2006 година колку ја критикуваа тогашната власт предводена од Бучковски. Исто како и пред 2002 година. Зарем не сте свесни дека во А1 работат најпрофесионалните новинари. Затоа Вестите на А1 се со највисок рејтинг. Погледнете само на страната на СРД во извештајот за известување на медиумите на изборите во 1998. Погледнете колку неутрално известувала А1 (иако не беше влијателна телевизија) во споредба со другите телевизии. Во 2001 доби награда за најобјективно известување за време на воениот конфликт.
Што се однесува до Билјана Секуловска точно е дека е многу нападна кон гостите во Студио 2. Но не заборавајте дека таа е уште од почетокот во телевизијата, а еден период беше и специјален известувач од Брисел.
Мене воопшто не ми се допаѓаше спотот од СДСМ, но по удадените критики тие го повлекоа. Кога ќе ми текне само какви одвратни и грозоморни работи се даваа во про-владините медиуми, а немаше никакви казни ми се иде да ги исечам вените. Мене единствено што не ми се допаѓа кај А1 е програмската шема како и бизнис интересите на Велија Рамковски.
Овие луѓе од форумот ги сметав за пример, но денес многу ме разочараа.
Се надевам дека добронамерно ќе ги сватите моите критики.
75ra Нов Член
Број на мислења : 27 Registration date : 2010-03-09
^све што си напишал е на основа од некогаш(1998,2001,2002,2006)но овде пишуваат за денеска,поточно 2010...телевизијата работи исто ,како берзата има кревање(гледаност) а има и паѓање(не гледаност) а А1 моментално се наоѓа во очаен пад,само да се надеваме дека нема да паднат на дно...
Blair Waldroft Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 836 Birthday : 1994-04-26 Age : 30 Location : In a Gossip world Registration date : 2009-08-07
Советот за радиодифузија и изрече писмена опомена на А1 телевизија за завчерашниот 24-часовниот прекин на програмата.
Членовите на Советот одлуката ја донесоа едногласно, откако констатираа дека според законот за радиодифузија, телевизиите со национална концесија мора задолжително да емитуваат програма од минимум 12 часа дневно.
Се заканија, дека доколку случајот се повтори, телевизијата може да се соочи и со поригорозни мерки - од забрана за емитување на реклами до седум дена, па се до три месечно затворање.
„Ние не размислуваме дали некого му одиме во прилог или не му одиме во прилог, ние размислуваме регулаторно и го почитуваме законот за радио дифузна дејност“, изјави Зоран Стефановски.
„Ние не сме цензори, не е наша цел да ги уништуваме, туку цел е да создадеме еден амбиент почитувајќи и спроведувајќи го законот по кои што сите ќе имаат рамноправни шанси“, вели Столе Наумов.
„Немам јас ништо против А1 да се бори за своите економски права, да се бори против она што тие го сметаат за дискриминација од една или од друга страна ама имам против да го воведуваат како причина за својата постапка Советот“, рече Бојан Шоптрајанов.
„Треба навистина медиумите да сфатат дека ние сме сериозна институција и сериозна регулаторна тело“, изјави Борис Арсов.
Одлуката на советот дојде во време на економска криза, кога медиумите се соочуваат со тешка финансиска состојба предизвикана од намалените приходи од реклами.
Но уште повеќе во време на значително загрозување на демократските процеси во државата, а особено на слободата на медиумите, и постојаниот политички притисок од властите.
Со темниот екран завчера за оваа ситуација алармираше А1, а слободата на говорот во многу наврати е и една од главните забелешки на извештаите од Брисел.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Го видовте ли новото промо за "Долина на волците"?
Како прво кога слушнав како го опишуваат човеков не можев да поверувам во тоа што го слушам, како за Џејмс Бонд да зборуваат, но се ми стана јасно откако го отворив фејс-профилот на Маја Крстич. Ја има поставено токму оваа фотографија од насловната на магазинот во нејзините галерии, и во полето за коментари меѓу редови открива дека свршува кога го гледа турчинов.
Тоа ти е, болен народ...
MK fan Член
Zodiac : Број на мислења : 429 Birthday : 1993-05-01 Age : 31 Location : Велес Registration date : 2010-01-13
Серијата не ја гледам,но мислам дека ова е сосема во ред.А1 на секој начин и преку сите средства си ги рекламира сериите и затоа и ќе бидат гледани А не како други
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Не знам зошто оваа реакција и не реков дека мене промово нешто посебно ми се допаѓа.Очигледно дека намерата им е да ја привлечат и женската публика со ова затоа што серијава претежно ја гледаат мажи Не гледам ништо толку страшно во се ова...
blabla Нов Член
Број на мислења : 53 Registration date : 2010-08-08
Предмет: Re: А1 телевизија (2) Чет Окт 07, 2010 1:01 am
толку од слободата на изразување на а1 во однос на веб страната.
им пишав коментар на една вест во врска со прекинувањето на програмата, во која имав критики и кон нив и кон другите медиуми, но ете не се објави. идете само видете, сите коментари им се за „пофалба за а1 и неправдата сторена кон нив„.
не бев нималку навредлив ни ништо... ете таква Македонија не ја бива!
Taki252 Нов Член
Број на мислења : 86 Location : Штип Registration date : 2010-08-09
Предмет: Re: А1 телевизија (2) Чет Окт 07, 2010 10:52 am
Ако си пратил коментар ќе почекаш малку за да се објави бидејќи не ги веднаш објавуваат коментарите. И јас имам праќано коментари од најразлична природа и не се објавувани предпоставувам бидејќи од малолетници не примаат коментари за тебе незнам дали си малолетен.
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Предмет: Re: А1 телевизија (2) Чет Окт 07, 2010 11:22 am
Кај мене на сајт се жалеа десетина луѓе дека на А1 не им ги објавуваат коментарите, па истите ги префрлија таму и на уште многу други сајтови.
blabla Нов Член
Број на мислења : 53 Registration date : 2010-08-08
Ако си пратил коментар ќе почекаш малку за да се објави бидејќи не ги веднаш објавуваат коментарите. И јас имам праќано коментари од најразлична природа и не се објавувани предпоставувам бидејќи од малолетници не примаат коментари за тебе незнам дали си малолетен.
па не те прашуваат дали си малолетен. Инаку, не сум, но тоа нема врска. Не верувам во таа приказна бидејќи гледано по датумите на последните пораки, пратени после мене, работата е во тоа што многу не им одговарал мојот коментар. Веројатно сакале да покажат дека постојат само луѓе кои ги поддржуваат во било кој дел од нивната работа.
Burrows Модератор
Број на мислења : 3665 Registration date : 2009-01-09
Навистина А1 во понеделникот за време на прекинот имала 20% гледаност? Ај ако може да дознаеме официјални податоци за понеделникот, да се изнасмееме убаво.
Beauty Супер Модератор
Број на мислења : 11114 Location : Скопје Registration date : 2008-08-12
Колку-толку последниве недели ми се допаѓа некаков напредок на А1 во однос на она што имаше и се најавуваше некој период пред тоа.
Фарма е префрлена на А2, на А1 се дава по полноќ. Нема Гранд, нема Драган Вучиќ, Се за љубов е во некој дневен термин, филмовите не продолжија синхронизирани бар засега, почна Иза, почна Вовед во анатомија, ќе почне Идол, ќе почне Милионер.
Phillip Член
Број на мислења : 325 Location : Kocani Registration date : 2010-09-05
Колку-толку последниве недели ми се допаѓа некаков напредок на А1 во однос на она што имаше и се најавуваше некој период пред тоа.
Фарма е префрлена на А2, на А1 се дава по полноќ. Нема Гранд, нема Драган Вучиќ, Се за љубов е во некој дневен термин, филмовите не продолжија синхронизирани бар засега, почна Иза, почна Вовед во анатомија, ќе почне Идол, ќе почне Милионер.
Сето тоа=А1 се враќаво нормала...МНОГУ ми е мило..
SomebodyUnique Член
Број на мислења : 295 Registration date : 2010-08-16
Седеше неколку дена, но потоа мистериозно исчезна. Процентот на нивната професионалност е неверојатно висок.
Важно не се дава..а на Сител кога ги објавија и Мењам Жену и Село Весело почнаа да ги дават..и сеуште ги дават..абе А1 ќе биде македонска Пинк..пффф...
Chris Администратор
Zodiac : Број на мислења : 13381 Birthday : 1989-07-29 Age : 35 Location : Скопје Registration date : 2008-02-13
Ми е интересно на ово форум што повеќето членови имаат смисол за хумор и си се смеам понекогаш ко ќе читам коментари. Знам дека овој коментар не е за во оваа тема но ме насмеа коментарот на Крис.
Phillip Член
Број на мислења : 325 Location : Kocani Registration date : 2010-09-05
што сме кажале ние..? јас не сум рекол ништо..инаку Уникатна и мене ми се допаѓа тоа..и колку и некогаш да ме изнервират нешто не можам да го оставам../
MK fan Член
Zodiac : Број на мислења : 429 Birthday : 1993-05-01 Age : 31 Location : Велес Registration date : 2010-01-13
Еве едно прашање до Крис Порано имав упатено повеќе критики зошто на ТВ Пакет има само реклами за сериите и емисии на Сител.Одговорот беше дека тие му се достапни од ЈуТуб страната на Сител.Е сега кога и А1 има поставено такви видеа за своите серии,се прашувам зошто не се постави барем едно или да се менуваат,па да има такви реклами и за други телевизии????