Картел е колумбиска акциона серија
која на Каракол ТВ започна со прикажување во јуни 2008 година и во јули истата година стана најгледан ТВ програм во земјата. Серијата достигна и рекордна гледаност и со појавувањето на каналот Телемундо во декември истата година каде беше прикажувана и со англиски титл. Гледаноста се движеше околу 1.251.000 гледачи од 18 до 49 годишна возраст, а во тоа време и во САД беше втора по гледаност кај машката популација од 18 до 34 години, по гледаноста на светските ABC и NBC телевизии. На наградите "Premios India Catalina", серијата доби награди за најдобри главни улоги, најдобро сценарио, режисер и најдобра серија.
Серијата е базирана на истоимената книга напишана од Andrés López López, бивш нарко дилер познат во светот на криминалот како Флоресита кој ја напишал приказната за време на својот престој во затвор. Во книгата, авторот зборува за сопствените искуства во Картелот Norte del Valle, но екранизираната вистинска приказна истрпила промени во одредени личности и локации. Снимана е на повеќе локации како Колумбија, Њујорк, Флорида, Мајами, Мексико и Ерменија.
КАРТЕЛ - EL CARTEL DE LOS SAPOSПериод на прикажувањe во Колумбија: 4 јуни 2008 - 21 октомври 2008
Број на епизоди: 58
Десет пријатели влегуваат во илегален бизнис со дрога, мислејќи дека тоа е најлесниот и најбрзиот начин да станат богати, не знаејќи дека таквите бизниси немаат среќен крај и се' планирано исчезнува на самиот крај. Трговијата со дрога се чини атрактивна и за 15-годишниот Мартин Гонзалес (попознат како Фресита), убаво и храбро младо момче кое доаѓа од просечна колумбиска фамилија. Со помош на својот пријател Пепе Кардена, Мартин влегува во тој опасен и бурен живот со што сам си ја одредува иднината. Спонзориран од новиот шеф дон Оскар Кардена, Мартин добива работа во лабораторија за дрога и почнува доста брзо да учи. Секој ден после училиште, Мартин заминува во тој Картел и постепено почнува да испорачува дрога во САД. Од друга страна, Оскар Кардена прави сојуз со Вилехас Браќата од Западниот картел со цел да го симнат најголемиот нарко дилер Пабло Ескобар. Со паѓањето на Картелот на Ескобар, во Колумбија на тронот доаѓа најопасниот Картел Пацифик, воден од дон Оскар и неговиот ученик Мартин кои прават пакт за пријателство и соработка.
Со текот на времето, Мартин станува богат човек, ја запознава Софија, убава млада жена, се вљубува во неа, но се јавува страв дека таа ќе ги открие неговите тајни активности и ќе го напушти. Кога Софија открива како Мартин станал богат, тој мора да бира меѓу неговата сакана и неговото богатство. Сака да излезе од играта во која влегол, но дон Оскар го потсетува дека кој станал нарко дилер, мора цел живот да ја носи таа титула. Дон Оскар е приморан да се предаде на полицијата, па Мартин заедно со Софија и неговиот син заминува за Мајами, мислејќи дека е безбедно место за живеење. Но тоа место не е сигурно за трговците со дрога, па Мартин ќе мора повторно да се соочи со своите пријатели и непријатели.
По убиството на дон Оскар во затворот, се разгорува војната меѓу нарко дилерите и шефовите. На чело на Картелот Пацифик застанува Ел Капо кој ги менува правилата, запонува безмилосна војна меѓу сите кои се вмешани во црниот бизнис и кои живеат во лажниот свет на смртни гревови, предавства и поматени вредности. Сите бизнис партнери на Мартин се или убиени или уапсени, па така и Мартин завршува во затвор. Остануваат само нерасчистените односи со непријателите и советите за пријателите, а својата животна приказна им ја раскажува на DEA.
Улоги: Manolo Cardona, Robinson Díaz, Diego Cadavid, Fernando Solórzano, Julián Arango, Alberto Palacio, Karen Martínez, Juliana Galvis, Nataly Umaña, Sandra Reyes, Andrés Parra, Natalia Betancourt, Santiago Moure, Juan Pablo Raba, Juan Carlos Arango, John Gertz, Waldo Urrego, Elkin Córdoba, Luis Velazco, Fernando Arévalo