Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: TRUE BLOOD, HBO|2008- Пет Aвг 14, 2009 5:05 am
Вистинска крв (True Blood) е американска драма серија од 2008. година. Сценарист и режисер на серијата е Алан Бол. Серијата е адаптација на романите на Шарлин Харис. За серијата засега се планирани три сезони од кои третата ќе биде прикажана летото 2010та година. Серијата во текот на прикажувањето на првата сезона освои пет Еми награди, три Златни Глобуси и две од наградите Сатурн.
Заблагодарувајќи се на јапонското пронаоѓање на синтетичка крв, вампирите од некогашните легендарни монструми станале регуларни граѓани. Иако луѓето повеќе не се на нивното мени, многу и понатаму се сомнителни кога станува збор за овие суштества кои “излегле од мртовечки ковчег“. Верските води и државните функционери ширум светот заземаа една страна во дебатата, но во градот Бон Там во Луизијана, полемиката и понатаму трае.
Локалната келнерка Суки Стекхаус, добро знае како е да бидеш аутсајдер. “Проклета“ од раѓањето со својата способност да слуша туѓи мисли, таа е исто така е либерална кога е во прашање интеграцијата на вампирите во човечкото друштво - посебно кога се работи за Бил Комптон, згоден вампир стар 173 години, кој живее во комшилукот. Но со доаѓањето на Бил во градот почнуваат серија мистериозни настани, така да толеранцијата на Суки ќе биде ставена на испит.
Последната промена е направена од Bobi на Нед Jул 11, 2010 4:47 am. Мислењето е променето 1 пати
Игор Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1371 Birthday : 1989-11-07 Age : 34 Registration date : 2008-03-05
Уште откако слушнав дека ќе се снима серијава бев заинтересиран. Минатото лето „протече“ пилотот на интернет пред да биде емитуван на HBO и го симнав, го изгледав... И ми се виде многу проста... Тој јужњачкиот акцент не можам да го поднесам. И не ја гледав цела сезона само поради пилотот.
А подоцна слушнав одлични критики за цела сезона... Сега исто и за втора. И се мислам дали повторно да почнам да ја гледам и да ги изгледам барем првите пет епизоди.
Алан Бол ми е генијалец, токму поради оваа причина најмногу се мислам дали да ја гледам. Го обожавам Американска убавина, му ја обожавав цела Six feet under, која го има најоригиналниот, најгенијалниот, најтрагичниот и најсоодветниот крај на сите времиња (тој лично ја напишал епизодата.) и малку се разочарав кога ја видов True Blood. Но сега се мислам дали сум избрзал... Веројатно после Лост ќе и` дадам втора шанса.
Бај д веј, не знам дали сте ја виделе шпицата... Фантастична е.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Мене многу ме интересира серијава, се надевам дека кога ќе бидам послободен од серии ќе си ја симнам маратонски, и онака нема многу епизоди.
Патем, доста често почнуваат серии со тематики за вампири, имате ли приметено? Но сепак ова се‘ се адаптации на романи (пр. Дневниците на вампирите, Вистинска крв, Самрак итн.)
Maxime Успешен Член
Zodiac : Број на мислења : 755 Birthday : 1994-05-11 Age : 30 Location : Скопје Registration date : 2009-07-12
Имам слушанто и за оваа серија. Но искрено не ме привелкува. Го сакам Самрак серијалот, но само бидејќи е интересен, а не поради тоа што вклучува изобилство на вампири. Не знам што толку ги привлекува луѓето тоа. Дневници на вампирите може да ја гледам ама оваа не ме привлекува ама не звучи лошо.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
серијата е хит во Америка, ова лето втората сезона достигна рекордна гледаност со што True Blood стана најгледаната серија на каналот HBO после Сопранови. ја гледав и ми се допаѓа (со нетрпение ги дочекував следните епизоди), но се е ствар на вкусови.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: TRUE BLOOD, HBO|2008- Пет Фед 12, 2010 1:29 am
Добар пилот. Ништо посебно како што кажа Игор, но според коментарите дека понатаму серијата е лудница, ова никако нема да се пропушти. Обожавам вампирски приказни, така да очекувам коментар оние кои ќе ја гледат на Фокс Лајф.
Интересни ликови, содржина интересна како вампирите се дел од населението и имаат дури свои права. А најинтересен ми беше напитокот Tru Blood .
Мене не ме воодушеви серијава. ОК ми е, ама засега ништо повеќе од тоа.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Предмет: Re: TRUE BLOOD, HBO|2008- Пон Мар 01, 2010 3:48 am
1x03
Повторно имаше “див“ секс во нова епизода, понекогаш помислувам дека во оваа серија се‘ се врти околу сексот и вампирите .
Исто ми беше интересно кога Тара се сплетка со Сен, секако само секс за една вечер
Суки си играше под ќебенцето, мислејќи на Бил
Лафајет ... боже каков лик, проститутка како што вика Тара , па со тие златните панталони кога Џејсон дојде кај него да му бара вијагра
Јас слушнав дека втората сезона била легендарна, едвај чекам
Гостин Гостин
Предмет: Re: TRUE BLOOD, HBO|2008- Чет Мар 18, 2010 5:06 pm
На 13 Јуни започнува третата сезона на True Blood во Америка.
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Предмет: Re: TRUE BLOOD, HBO|2008- Вто Мар 30, 2010 12:55 am
Една другарка, која ги има прочитано сите досегашни книги, ми рече дека имаат сменето многу работи во серијата и дека книгите биле покомични и поинтересни. Мене серијава ми е ОК, се подобрува, ама се уште не сум премногу одушевена. Но, речиси сум сигурна дека втората сезона ќе ми биде поинтересна.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Дефинитивно неверојатен крај на 1. сезона. Одлична драма, глума, ма се маестрално! Ќе ја памтам сцената кога Суки тргна со Рене и му ги прочита мислите и откри дека тој всушност ја убил баба и и сите други девојки, а пак кога Били доаѓаше да ја спаси и се изложи на сонце и целиот изгоре сепак потоа оживеа затоа што го закопаа во земјата (п.с бил е вампир)
Јака беше сцената кога ги фатија децата како гледаат порно
И да... одличен клифенгер, која ли е девојката мртва во колата?!?!
Ана, како ти се допадна тебе? Ќе продолжат ли Фокс Лајф со втора сезона директно или ќе треба да почекаме малце?
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Инаку, серијава се подобруваше со текот на епизодите, а последната епизода беше одлична. Никогаш не помислив дека Рене е убиецот. И баш ме интересира која е таа во колата. Иако, знаејќи се, нема да издржам долго време, а да не прочитам некаде.
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11
Синоќа ја гледав првата епизода од втора сезона. Мислам дека не очекува уште позакон епизоди и повозбудливи, ќе ја гледам од јули, да завршам деновиве со Фринџ прва сезона...
има многу нови и интересни ликови ... сексот на Суки и Бил на крајот од епизодата
Ана, ќе ја симнуваш втора сезона, илиќе чекаш на Ф.Лајф?
Последната промена е направена од Bobi на Пет Јун 25, 2010 7:24 pm. Мислењето е променето 1 пати
Rebellious angel Топ постер
Zodiac : Број на мислења : 1799 Birthday : 1989-08-22 Age : 34 Registration date : 2008-09-23
Дефинитивно подобра сезона од првата. Какви ли се ситуации немаше. Убиства колку ли ти душа сака, претворање во кучиња, прасиња и се друго
Тара повторно немаше среќа го убија и Егс
МериЕн излезе вистинска кучка, сите работи она ги направи но сепак сезоната би била неинтересна без нејзините ситуации, кога ќе се сетам на сега сцената кога се облече како невеста, и направи Суки да и биде деверуша, среќа не се венча со Сем
Последната сцена што ли се случи со Бил?! А баш се радував што Суки ќе му каже судбоносното ДА
Bobi Супер Модератор
Zodiac : Број на мислења : 11860 Birthday : 1987-02-20 Age : 37 Registration date : 2008-08-11